6 модни трендови кои ќе ве натераат да ѝ се радувате на пролетта
Пролетта е време кога природата се буди и оживува. Па време e и ние да оживееме малку, време е да ги разгледаме пролетните трендови кои веќе ги преплавија улиците по светот. Валентино, Диор, Долче и Габана како и другите модни гиганти ги поставија нивните императиви за оваа сезона.
1. Деколте со рамки
Овој тренд најдобро ја доловува минималистичката, рафинирана и елегантна верзија на 90-тите. Скриена во сенката на карираните кошули, скинатите фармерки и бутновната облека, време е деколтето со рамки да блесне на модната сцена. Видено на ревиите на Александар Венг, Адам Липс и Вес Гордон.
2. Бермуди
Кога ги видовме бермудите на ревиите од Диор и Џеј Кру слатко воздивнавме. Овие пантолони се одлични за пролетните месеци и одговараат со голем број парчиња. Сега уште треба да влеземе во вежбалницата и да се ослободиме од килограмите кои ги накачивме зимава.
3. Гингам принт
Овој прекрасен принт од 50-тите се враќа на голема врата. Во форма на долги здолништа и женствени блузи како кај Дијан вон Фурстенбург, Оскар де ла Рента и Алтузара, овој тренд засекогаш ќе биде меѓу првите асоцијации за женственост и топлина.
4. Војнички стил
Војничкиот стил го здогледавме кај Марк Џејкобс и Ралф Лорен, а од таму директно се најде во плакарите на огромен број блогерки. Тешкиот памучен материјал, од кој најчесто се прават униформите е модернизиран така што добива женствен изглед кој ѝ соодветствува на женската силуета.
5. Точки, точки и точки…
Точките никогаш не го отстапуваат своето место меѓу најжешките трендови, но Тајкун, Ред Валентино и Долче и Габана одлучија малку да го надградат овој принт. Пробајте го овој тренд и бидете забележани.
6. Мантил за дожд
Последниве неколку сезони, дизајнерите одлучија да бидат практични и да ни понудат мода која навистина можеме да ја носиме. Затоа создадоа палета од мантили за дожд за да нѐ спасат од катастрофите при невреме. Од Мајкл Корс до Питер Сом, сигурно ќе останете суви со овие водоотпорни опции.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.