6 модни трендови кои ќе го одбележат ова лето

6 модни трендови кои ќе го одбележат ова лето

Доколку ја следите модата, тогаш сигурно ги следите трендовите на сите полиња, вклучувајќи ги и оние за убавина и нега. Како што откривате нови и интересни трикови, дел од нив сигурно и веднаш ќе посакате да ги примените, а некои пак не, исто како кога е облекувањето во прашање. Па, доколку сакате да знаете што ќе биде во тренд ова лето, погледнете ја следнава листа…

1-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

1. Подраснат корен

Колку што беше популарна фризурата омбре, сега толку е популарен само краткиот подрастен корен. Дали ќе ја оставите вашата природна боја на коса да израсне под бојадисаната или ќе го бојадисате коренот во потемна, останува на вас. Секако, обидете се да ја усогласите бојата на веѓите со него и резултатот ќе биде одличен!

2-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

2. Црвена коса

Црвенокосите дами, но и сите оние кои што се запрашуваат како би изгледале со оваа боја, сега ги имаат своите 5 минути. Ова лето во тренд се сите нијанси на црвена боја, па испробајте ја нијансата која најдобро ви одговара, секако претходно консултирајте се со вашиот фризер во врска со тоа.

4-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

3. Свеж изглед

За целосно свеж изглед измешајте течна пудра со крема за лице која хидрира. Исто така, наместо исцртување на контури послужете се со пудра за матирање и нанесете ја на горната линија на челото, под јаболкниците и под брадата, а потоа убаво блендајте. Малку бронзер и хајлајтер на јаболкниците ќе ви дадат дополнителна свежина.

5-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

4. Природна нега на лицето

Хит за ова лето се природните производи и проектите „направи сам“. Во врска со тоа, обрнете посебно внимание на куркумата и коријандерот како зачини кои ги намалуваат воспаленијата на кожата, додека јогуртот и зелениот чај се одлични против брчките, како и акните.

6-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

5. Долги и тенки шишки

Дали да се направат шишки или пак не е честа дилема кај многу дами. Сепак, доколку сакате да ги следите трендовите треба веднаш да се одлучите на овој чекор. Нека шишките бидат под веѓите, кога е должината во прашање и нека не бидат премногу густи.

7-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_

6. Розови усни

Усни како бонбона се дефинитивно она што би требало да го носите ова лето. Слободно избирајте нијанси кои се впечатливи и ќе бидете потполно неодоливи. Дали ќе носите мат розов кармин или розов сјај, на вас останува да одлучите.

8-lista-od-najdobrite-6-bjuti-trendovi-koi-kje-go-odbelezhat-leto-2016-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар