6 модни комбинации кои визуелно ќе ги издолжат вашите нозе
За секој проблем постои решение. За малите гради постојат пуш-ап градници, за подебелиот струк – специјални хулахопки, а за кратките нозе има високи потпетици. Но, за да не го барате решението само во високите потпетици, денес ви откриваме некои модни комбинации во кои вашите нозе ќе изгледаат подолго од кога било порано.
1. Висок струк
Изберете фармерки, кратки панталони или здолништа кои започнуваат над струкот. Со помош на овој трик визуелно се кревате погоре, а колку повисоко е струкот, толку вашите нозе ќе изгледаат подолго. За летото и топлите денови со задоволство изберете лесни и лелеави панталони или здолништа со висок струк.
2. Вистинска јакна
Дали некогаш сте носеле таканаречена „исечена“ јакна? Јакната која е високо исечена визуелно ќе го намали горниот дел од телото, а за возврат вашите нозе ќе изгледаат одлично. Најдобра комбинација на овој вид јакна за совршена оптичка илузија е доколку ја комбинирате со подолг фустан.
3. Изберете ја внимателно бојата на обувките
Одлучете се за крем варијанта на обувки. При изборот на оваа боја на обувки обрнете внимание дали нијансата е слична на вашата боја на кожа, бидејќи така вашите нозе ќе изгледаат подолги. Истото правило важи и за рамните обувки, како и за високите потпетици. Но сепак, за ефект на подолги нозе најдобро ќе ви помогнат крем обувки со висока потпетица.
4. Изберете еднобојна модна комбинација
Еднобојните монохроматски комбинации ни даваат илузија на витка линија и нè прават повисоки. Ако сакате да сокриете и некој килограм плус, облечете се целосно во црна модна комбинација.
5. Комбинирајте панталони или здолниште со висок струк и исечени блузи
За да го зголемите ефектот на панталоните со висок струк кои веќе ги објаснивме, комбинирајте ги со исечен горен дел. Двојна добивка! Исечената блуза ќе го направи горниот дел пократок, а панталоните или здолништето со висок струк ќе ги издолжат вашите нозе.
6. Над колена
Чизмите над колена се магични кога станува збор за нозете и нивната должина. Особено во комбинација со кратки здолништа овој вид чизми ќе ги направат вашите нозе да изгледаат бесконечно долги.