6 мали тајни кои ќе ја вратат магијата на работното место
Затворете ги очите и замислете се. Размислувајте за вашата работа. Среќни сте? Сеедно ви е? Да, сите имаме моменти кога брилираме и моменти кога едноставно сакаме да потонеме во земја. Но ако сте несреќни, тогаш време е да го промените тоа.
Најпрво, бидете свесни за фактот дека е нормално желбата за работа со текот на времето да ви се намалува. Според една холандска студија, вработените луѓе во нивните доцни дваесетти па сѐ до раните четириесетти години чувствуваат помало работно задоволство и поголем емоционален замор за разлика од нивните постари и помлади соработници. За да го промените тоа, следете ги следниве 6 совети.
1. Преправајте се дека ви е прв ден на работа
Се сеќавате ли на возбудата од првиот работен ден? Се сеќавате ли на подготвеноста да го освоите светот? Тоа никако не смеете да си дозволите да го изгубите во ниеден ден од годината. Постојано трудете се да учите нови вештини. Кога учиме нови работи и притоа ги совладуваме, ние сме возбудени и се чувствуваме подобро, а така стануваме спремни и за следната работа која треба да се совлада. Исто така, на новото работно место сакате да ги запознаете сите, а таквиот ентузијазам со текот на времето се губи. Обидете се повторно да ги запознаете вашите колеги. Само поглед кон нив додека поминувате покај нивната канцеларија може да направи голема разлика.
2. Работете паметно, а не долго
Избегнувајте натпревари од типот „кој ќе работи подолго“. Натпреварувањето за вниманието на шефот може да биде многу напорно и тоа е една од причините поради кои луѓето започнуваат да ја мразат нивната работа. Наместо да се фокусирате на временскиот квантитет на работата, фокусирајте се на нејзиниот квалитет и резултатите кои таа ги носи. Вие сте вработени за да донесете квалитет, а не да работите што е можно подолго. Добрата работа ќе биде многу поценета од онаа во која биле вложени стотици саати без никакви резултати.
3. Најдете хоби
Најдете уште нешто што ве интересира покрај работата. Тоа може да бидат часови по гитара, блогирање, информатика или нешто друго. Важно е да правите нешто друго освен да се концентрирате само на работата, бидејќи така таа нема никогаш да ви стане здодевна. Плус, ќе имате уште некоја вештина која можете да ја додадете на вашето веќе импресивно резиме.
4. Создадете ја работата за која отсекогаш сте сонувале
Постои стратегија според која можете да си ја прилагодите работата, а така таа да ви донесе поголемо задоволство. Пробајте ги овие три нешта:
Променете го начинот на работа. На пример, ако испраќањето и одговарањето на мејлови ви е здодеано, најдете начин да го редуцирате тоа.
Променете ги луѓето со кои комуницирате. Создавајте врски со луѓето кои ги сакате или станете ментор.
Најдете ја смислата на вашата работа. Ако ја знаете целта на она што го работите, тогаш многу полесно ќе се снаоѓате во неа.
5. Научете да кажувате „не“ кога тоа е потребно
Можеби и вие сте од оние луѓе кои ретко кажуваат „не“ и прифаќаат секакви предизвици. Но, ако не го користите ова магично зборче, тогаш вие ќе имате премногу обврски за кои нема да имате доволно време да ги завршите. Многумина мислат дека зборот „не“ во работниот однос означува нељубезност и некултура, но баш напротив. Мора да го користите овој збор во моменти кога навистина имате премногу работа. Ако ги преземате сите обврски, тогаш ќе останете целосно без енергија и желба за работа, а најверојатно и ќе потфрлите во резултатите.
6. Прашајте се што недостига
Добро размислете за она што ве усреќува и ви носи работно задоволство. Тоа може да биде некој голем проект кој би сакале да го сработите. Соберете храброст и разговарајте со вашиот шеф објаснувајќи зошто токму вие треба да го работите тој проект. Бидете искрени со себеси – ако единствена желба ви е помалку да работите, тогаш можеби навистина е време да го промените работното место.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.