6 луѓе откриваат како ја одржуваат фазата „меден месец“ во долга и сериозна врска
Почетоците на врските понекогаш ни влијаат како мал одмор. Планирате да ја носите најдобрата облека, ги одбирате најдобрите ресторани, свесно одбирате што сакате да правите заедно. Истовремено, ја оставате неважната реалност зад вас. Овој прекрасен период, односно фазата „меден месец“ во врската, го означува почетокот на нова љубов.
Но по неколку години возбудата може да избледи и на медениот период да му дојде крај. Во овој случај важно е да обрнете внимание на вашите потреби и на потребите на партнерот, без разлика дали треба да останете дома заедно или да му помогнете во нешто. Нема потреба да се плашите ако сте стигнале до ваква фаза во врската. Ако стабилноста и довербата постојат, ново ниво на удобност ќе почне да се појавува. Погледнете што имаат да кажат шест луѓе во долга врска за одржувањето на медената фаза во врските.
1. Секој состанок нека ви биде како прв
„Иако сте заедно пет години, не сте истите личности коишто сте биле пред пет години.“ – Џек, 25
2. Бидете физички блиски, настрана од сексот
„Мислам дека мојот концепт за медената фаза е различен од оној на повеќето. Ние најмногу внимание посветуваме на интимниот допир без секс. Тоа се слатки моменти што нè поврзуваат.“ – Јасмин, 24
3. Удобноста не е губење на грижата за себе
„Не престанувајте да се грижите за себе само затоа што ви е удобно и продолжете да си дават комплименти!“ – Сејџ, 34
4. Дајте си простор
„Јас сум во долга врска на далечина, па секогаш кога имам можност да го видам партнерот се чувствувам како прв пат или навистина возбудено. Но мислам дека кога конечно ќе живееме на исто место, ќе биде важно да имаме сопствени животи и да продолжиме да бидеме независни луѓе и надвор од врската.“ – Кајл, 26
5. Бидете возбудени за она што е и партнерот
„За да го зачувате ентузијазмот додека заедно го искусувате животот, треба да бидете вклучени во вашите интереси и да бидете силна поддршка. Продолжете да се чувате и навивајте за партнерот. Бидете отворени да истражувате или да учите за неговите интереси за да можете да се вклучите во нив.“ – Вера, 28
6. Не чекајте да бидете замолени да направите нешто убаво
„Сè е во малите нешта, како купување ужина или цвеќе, па дури и комплиментите како: ‘Изгледаш добро денес.’ Подобро запомнете да продолжите да ги правите малите добри дела наместо да бидете под стрес за јавно и големо покажување внимание. Наместо да ве замолат да помогнете со пазарлакот или да чувате во себе дека партнерот не ви обрнува доволно внимание, правете мали чекори секој ден.“ – Кејти, 30
Не е вистина дека во медената фаза имате повеќе љубов за давање. Вие само треба да се сетите да ѝ дадете време на вашата љубов да живее во нејзин свет. Тоа значи да се фокусирате на личноста што ја сакате и да направите тој или таа да се чувствува среќно и силно. Како што созрева врската, огромната колекција чевли на партнерот, или некој друг недостаток се веќе дел од вашиот живот. Кога градите живот со некого, го градите со сите негови навики, стравови и недостатоци, и го сакате и со нив.
Дознајте и како да ја одржите страста во вашата врска.