6 лоши навики кои можат сериозно да го загрозат нашето здравје

6 лоши навики кои можат сериозно да го загрозат нашето здравје

Во екстремни случаи, претераното грицкање на ноктите може да резултира со нивно опаѓање, шкрипењето со забите може да ги оштети самите заби, а одењето боси во теретана да предизвика габични инфекции. Во продолжение погледнете ги најлошите навидум обични навики кои сериозно можат да ви го нарушат здравјето.

1. Ноктите може да испаднат од гризење

1-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Грицкањето на ноктите и кожата околу нокотот може да предизвика инфекции, а најчеста од нив е паронихија – инфекција на кожата која може да се појави само на еден нокот, но и на сите. Исто така, прстите може да станат црвени, натечени и болни на допир, а во екстремни случаи може да се појави и гној околу нив. Од друга страна пак, грицкањето на ноктите не е само лоша навика, туку и сигурен начин со тек на време да останете без нив. Хроничната паронихија може да ја уништи тенката кожинка околу ноктите и да го одвои нокотот од прстот. Тоа може да доведе до трајно изобличување или губење на самиот нокот.

2. Шкрипењето може да ги скрши забите

2-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Шкрипењето со забите може да резултира со кршење на забот, опаѓање на пломбите, па дури и губење на порцеланските круни.

„Некои од моите пациенти дури го исекле јазикот на делчето од скршениот заб. Една од најстрашните работи која моите пациенти ја доживеале е да се разбудат наутро, да се погледнат во огледалото и да видат дека им недостига дел од предниот заб или дека го изгубиле целосно“, објаснува д-р Бурхене.

Во екстремни случаи шкрипењето со забите може да доведе до отечени лимфни жлезди, односно да резултира со болка во вратот, грбот и увото.

3. Стискањето на мозолчињата може да предизвика инфекција

3-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Мозолчињата понекогаш се многу тешки за лекување, но нивното постојано стискање и допирање со рацете може само да ја влошат ситуацијата. Ако ги стискате мозолчињата со долги и валкани нокти, кожата може да се надразни и многу лесно да се инфицира. Воспалението може дополнително да ја влоши состојбата на кожата. Ако со тоа се оштети и самата кожа, последицата може да биде и траен белег. Во ретки случаи стискањето на мозолчињата може да резултира со воспаление на поткожното ткиво кое бара брза професионална интервенција.

4. Со чепкањето на носот ризикувате внесување на бактерии

4-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Кога детето го чепка носот, луѓето сметаат дека тоа е дел од растењето и дека со тек на време таа лоша навики ќе исчезне. Но, возрасните кои го чепкаат носот мора да знаат дека тоа може да биде многу опасно. Со чепкањето на носот, вие во него внесувате нечистотии и бактерии, а можни се и гребаници во кои бактериите ќе се насоберат. Исто така, тоа може да резултира и со крвавење, бидејќи во носот има пет артерии кои лесно можете да ги изгребете. Најлошото можно сценарио е тромбоза на кавернозниот синус. Станува збор за септична тромбоза заради која во екстремни случаи може и да се ослепи, истакнуваат експертите.

5. Босоного одење во теретаната

5-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Едно неодамнешно истражување открило дека дури 32% од жените чекореле боси во теретаната.

„Дури и ако не се грижат дали ќе се лизнат и паднат, сите кои го прават ова мора да знаат дека влажните и топли простории се идеално место за развој на бактерии и габи, а можно е и развивање на атлетско стапало и брадавици“, објаснуваат д-р Били Голдберг и Марк Лејнер.

Тие исто така додаваат и дека ако вашите нозе останат влажни, тогаш инфекцијата може лесно да се рашири.

6. Валканиот мобилен телефон може да води кон воспаление

6-6-odvratni-naviki-koi-mozhe-seriozno-da-go-zagrozat-nasheto-zdravje-www.kafepauza.mk_

Ако ретко го чистите екранот на мобилниот телефон, тогаш ризикувате развој на акни и разни инфекции на лицето. Истражувањата покажале дека екраните на мобилните телефони може да бидат повалкани од јавните тоалети. Реткото чистење на мобилниот телефон значи дека прашината, бактериите и потта остануваат на екранот. Бидејќи повеќе пати на ден го допираме на лицето, на тој начин ризикуваме да се здобиеме со акни, воспаленија и инфекции.

Но, некои навики за кои мислиме дека се лоши, всушност може да бидат добри за вас. Дали мислевте дека овие навики се лоши?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар