6 лекции од будистичките монаси што сите треба да ги знаат
Познатиот инструктор за медитација Роберт Пајпер се соочил со сериозен животен предизвик кога имал 18 години, а здравјето и психичката состојба му биле сериозно нарушени. Иако мислел дека нема излез од таа ситуација, тој ги собрал последните атоми сила и следните 9 години ги посветил на учење за медитацијата и општо за животот со помош на еден будистички монах. Благодарение на лекциите што ги научил од него, неговиот живот се променил од корен.
Што е тоа што младиот човек го научил од монахот? Што е тоа што го променило неговиот живот засекогаш? Тој живее според овие принципи и вели дека никогаш не бил позадоволен.
1. Никогаш не престанувајте да се обидувате
Никогаш не се откажувајте! Без разлика што се случува во вашиот живот, без оглед на тоа во какви околности се наоѓате, продолжете да се обидувате. Бидете трпеливи и издржливи, а на крајот сè ќе си дојде на своето место.
2. Сите одговори се во вас
Само вие сте одговорни за сè во вашиот живот. Никој нема да го живее вашиот живот наместо вас или да ги реши вашите проблеми. За да уживате во постигнатото, прво мора да вложите труд. Верувајте само во вашите способности.
3. Без пораз нема успех
Без да паднете, нема да го цените доволно успехот. Секој во животот треба да помине низ лоши животни фази. На тие фази гледајте како на сериозни животни лекции и не дозволувајте да ве спречат да продолжите понатаму.
4. Никогаш не се споредувајте со другите
Секој е единствен и секој има уникатни квалитети. Споредувањето себеси со другите никогаш нема да ве одведе далеку.
5. Немате поголем непријател од вас самите
Никој не може да ви го спречи патот кон успехот освен вие самите. Ако не верувате во себе, никој друг нема да верува во вас. Имајте позитивни мисли и храбро чекорете напред кон целта. Сите пречки се во вашата глава. Секој може да го постигне тоа што го замислил ако се осмели да се движи кон целта.
6. Среќата е во вас
Среќата ја создавате вие. Ако не се потрудите самите да ја создадете, никој нема да го стори тоа за вас.
Прочитајте ги и овие 20 фантастични совети од познат психијатар што ќе ве направат посреќни.