6 коктели со вотка кои мора да ги пробате за празниците
Дали сте љубители на руската ракија? Ова се 6 идеи за коктели со вотка за забавите на претстојните празници.
1. Ајленд Оазис (Island Oasis)
Потебно:
- 40 мл вотка со вкус на манго и кокос
- 6 боровинки (не е задолжително)
- 2 јагоди (не е задолжително)
- 30 мл засладена мешавина од сок од лимон и лимета
- 30 мл џус од портокал
Подготовка:
Доколку успеете да најдете замрзнати боровинки и јагоди, ставете неколку во чашата за коктел и врз нив налејте ја мешавината од сите наведени состојки.
2. Савој (The Savoy)
Потребно:
- 50 мл SKYY вотка
- Цел грозд бело грозје
- 30 мл лимонов сок
- 10 мл агава сируп
Подготовка:
Во шејкер ставете зрна грозје. Врз грозјето додајте мраз и останатите состојки. Добро протресете го шејкерот. Сипете во коктел чаша со мраз.
3. Чоколадно мартини од малина (Chocolate berry martini)
Потребно:
- 15 мл вотка со вкус на чоколадо и малина
- 15 мл Кетел вотка
- 110 мл сок од брусница
Подготовка:
Сите состојки сипете ги во шејкер со мраз. Протресете и налејте во чаша за мартини.
4. Слатко и розово (Pretty in pink)
Потребно:
- 60 мл Апсолут вотка
- 15мл сок од калинка
- Сок од ананас (по вкус)
Подготовка:
Искомбинирајте ги сите состојки и налијте ги во чаша со мраз.
5. Микс од вотка и капини (Berryoska blackberry)
Потребно:
- 60 мл Стандард вотка
- 4 капини
- 15мл исцеден сок од лимета
- 3 кафени лажички шеќер
- Дробен мраз
Подготовка:
Во една чаша измешајте ги сокот од лиметата, шеќерот и капините. Потоа додајте ги и останатите состојки.
6. Смрзнат коктел (Subzero citron)
Потребно:
- 30 мл вотка Шветка
- 30 мл сок од јаболко
- 30 мл сок од лимон
- 15 мл засладена мешавина од сок од лимон и лимета
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во шејкер со мраз и протресете. Налијте врз издробен мраз во чаша за коктели. Декорирајте со кора од лимон.