6 клучни принципи кои ќе ви помогнат да добиете позитивен одговор за секое барање

6 клучни принципи кои ќе ви помогнат да добиете позитивен одговор за секое барање

Едноставно не можете да очекувате вашите желби да бидат прецизно прочитани од другите, ниту пак дека магично или автоматски ќе се остварат. Потребно е гласно да кажете што сакате. Сѐ што се случува во животот воглавно е одредено од комуникацијата, па ако не можете да ги искажете вашите желби и потреби, тогаш можете да се обвинувате само себеси кога нешто ќе тргне во погрешна насока.

6 клучни принципи кои ќе ви помогнат да добиете позитивен одговор на секое барање

Интересен е фактот кој произлегува од резултатите добиени од различни истражувања, кои ни покажуваат дека луѓето од кои сте побарале помош, генерално ги задоволуваат вашите барања многу почесто отколку што очекувате. Повеќето луѓе ги сфаќаат барањата премногу сериозно, иако нема ништо срамно во фактот дека ви е потребна помош од другите. Понекогаш разликата помеѓу среќниот и несреќниот живот може да зависи од овие едноставни барања до другите луѓе. Па, чувствувајте се слободно почесто да барате помош.

Но, како да побарате нешто и да бидете сигурни дека нема да бидете одбиени? Еве 6 принципи кои ќе ви помогнат секојпат да добивате позитивен одговор.

1. Треба да знаете колку вредите

Ако не знаете колку вредите, дозволувате луѓето да ви зададат „цена“ по сопствена проценка. Да ја знаете својата вредност е сосема различно отколку јавно да ја кажете. На пример, сте пресметале дека работата за која аплицирате вреди 300.000 денари годишно. Оттука важно е да очекувате плата која ќе изнесува приближно околу оваа сума. Затоа на почеток треба да барате повеќе од замислената вредност, за во текот на преговорите да стигнете до посакуваната. Ако ја знаете вашата вистинска вредност, голема е веројатноста дека ќе го добиете тоа што го сакате.

2. Треба да знаете што заслужувате

Луѓето, посебно жените, ги жртвуваат своите лични интереси за доброто на другите. И ова не е воопшто добро. Несомнено, има моменти кога мора да направите компромис, но тоа не значи дека треба да заборавите на себе. Знаејќи го ова, важно е да не помешате што навистина заслужувате, а што добивате без да се потрудите.

3. Бидете конкретни

Јасно кажувајте ги вашите желби. Ако не го правите ова, вашиот пат до целта ќе биде многу подолг.

4. Не правете претпоставки

Никој не може да ги чита мислите на другиот. Без разлика колку добро познавате некого, тој или таа можеби не знаат кои се вашите вистински желби, дури и кога вие мислите дека тие се повеќе од очигледни. Јасно кажувајте што ви е потребно.

5. Зборувајте за вашите вредности

Јасно поставете ги вашите приоритети, за подоцна да не жалите дека не сте ги поставиле на време. Не правете компромиси со вашите принципи и избегнувајте да правите нешто за кое мислите дека не е во ред.

6. Одговорот „не“ не мора да значи и категорично одбивање

Да речеме дека вашето барање е одбиено. Ова не мора да значи дека треба да ги прекинете сите врски со таа личност или да се откажете од тоа што ви е понудено во моментот. Наместо тоа, добро погледнете ја ситуацијата со очите на вашиот противник.

Што значи, најлошото нешто кое може да се случи е да добиете „не“ како одговор. Тоа значи дека сѐ ќе се врати на почетокот. Затоа не грижете се и обидете се повторно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар