6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

Јапонскиот инженер и инструктор по аикидо, Кацузо Ниши бил многу слабо момче, а докторите им кажале на неговите родители дека ќе умре пред да наполни 20 години. За да го подобрат неговото здравје, родителите го испратиле во будистички манастир. Кацузо поминал 3 години во манастирот учејќи разни техники за медитација и мечување. Сè уште барајќи начин да го подобри своето здравје, тој читал многу книги напишани од модерни лекари, но и древни текстови за источна и европска медицина. Резултатот од сето тоа била неговата книга во која претставил свој систем за зајакнување на телото. Книгата била издадена во 1927-ма година, кога Кацузо имал 44 години. Погледнете некои од правилата на Кацузо.

1. Цврст грб

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

Како што ни е веќе познато, искривувањето на ‘рбетот може да предизвика разни проблеми со внатрешните органи. Поради ова важно е да внимавате на држењето на телото, дури и кога спиете. Кацузо тврди дека исправеното држење на грбот ќе ве направи 2 центиметри повисоки и има позитивен ефект на дигестивниот и циркулаторниот систем.

2. Цврст ролер наместо перница

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

Јапонците веруваат дека сколиозата на вратот е еден од првите знаци дека личноста ќе има пократок живот. Додека можеме да ја контролираме положбата на телото во текот на денот, навечер тоа станува потешко. Поради ова, Кацузо препорачува да спиете на тврда перница или ролер кој ќе го поставите помеѓу 3-тиот и 4-тиот пршлен на вратот. На почетокот можеби ќе ви биде неудобно. Во тој случај ставете неколку слоја облека на ролерот и отстранувајте ги постепено.

3. Вежба златна рипка

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

  • Легнете на грб на цврста и рамна површина.
  • Испружете ги рацете нагоре.
  • Стапалата нека бидат нормални со подот.
  • Истегнете го левото стапало и левата рака нагоре без да ги тргате од подот. Повторете го истото со десното стапало и рака. Правете ја вежбата 2 минути.
  • Спојте ги дланките и ставете ги зад вратот веднаш под 3-тиот и 4-тиот пршлен. Спојте ги нозете и малку разделете ги стапалата. Движете ги стапалата лево и десно за вашето тело да почне да „вибрира“. Правете ја вежбата 2 минути.

4. Подобрување на циркулацијата

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

  • Легнете на тврда и рамна површина.
  • Ставете ролер под 3-тиот и 4-тиот пршлен на вратот.
  • Кренете ги рацете и нозете, малку свиткајте ги колената и лактите и опуштете се колку што можете.
  • Почнете да ги тресете рацете и нозете. Правете ја вежбата 1-3 минути.

5. Спојување на дланките и стапалата

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

Почетна позиција: Легнете на тврда и рамна површина и поставете ролер под 3-тиот и 4-тиот пршлен на вратот. Свиткајте ги колената без да ги тргате од подот и спојте ги стапалата. Повторете ја секоја вежба 10 пати.

1. Спојте ги дланките паралелно со вашето тело и притиснете ги прстите заедно. Повторете ги истите движења, но овој пат притискајте и со дланките. Со притиснати дланки кренете ги рацете, а потоа вратете ги на стомакот.

2. Ставете ги дланките зад вашата глава без да им ја менувате позицијата. Вратете ги на стомакот.

3. Ставете ги дланките на стомакот и придвижете ги кон вашите нозе. Движете ги рацете напред и назад од градите до препоните 10 пати. Подигнете ги споените дланки нормално на стомакот, придвижете се кон нозете, па ставете ги дланките зад главата.

4. Ставете ги дланките на стомакот, кренете ги и почнете да ги движите нозете напред-назад држејќи ги дланките споени.

Комбинирајте ги движењата на рацете и нозете. Ако почувствувате болка намалете го бројот на повторувања. Вратете се во почетната позиција и одморете се 10-тина минути со затворени очи.

6. Вежба за грбот и стомакот

6 јапонски правила за оние што сакаат да станат посилни и поздрави

Почетна позиција: Седнете со вкрстени нозе и фатете го горното стапало. Спуштете ги рамената. Повторете ја секоја вежба 10 пати. По секоја вежба истегнете ги рацете пред вас, паралелно со подот. Свртете ја главата налево и погледнете кон вашиот грб. Направете го истото и на десната страна. Повторете и со кренати раце.

1. Движете ги рамената горе-доле без да ја менувате позицијата на рацете.

2. Ставете ги рацете назад и нежно навалете ја главата кон левото рамено. Повторете и на десната страна.

3. Ставете ги рацете на стапалата и подигнете ја главата истегнувајќи ја брадата. Потоа спуштете ја и допрете ги градите со брадата.

4. Кренете ги рацете од страна, држете ги паралелни со подот и свиткајте ги лактите. Спојте ги дланките и ставете ги пред лицето, свиткајте го грбот и допрете ги градите со брадата. Раширете ги рацете на страна, спојте ги плешките, исправете го грбот, навалете ја главата назад и држете ја позицијата 7 секунди.

5. Седнете во почетната положба и повторете ја првата вежба. Со вдишување кревајте ги рамената, а спуштајте ги со издишување.

6. Седнете во почетната положба. Навалувајте се лево-десно истегнувајќи и релаксирајќи го стомакот 10 минути.

Кацузо Ниши бил сигурен дека сè што ни е потребно за да бидеме здрави се наоѓа во нас. Треба само да ја победиме мрзеливоста и да ги искористиме ресурсите што ги имаме.

Погледнете ги и овие правила за здравјето што сите треба да ги почитуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар