6 изненадувачки здравствени придобивки од витаминот Д за кои можеби и не знаевте досега

6 изненадувачки здравствени придобивки од витаминот Д за кои можеби и не знаевте досега

Дали знаевте дека витаминот Д не само што е добар за коските, туку и за нашето целокупно здравје? Во продолжение откријте ги неговите здравствени придобивки.

6 изненадувачки здравствени придобивки од витаминот Д за кои можеби и не знаевте досега

1. Ја одржува мускулната сила

Истражувањата покажале дека доволното количество на витамин Д во организмот е од клучно значење за одржување здрава мускулна маса во текот на животниот век. Витаминот Д не само што ја подобрува функцијата на скелетните мускули, туку и ја подобрува мускулната сила воопшто.

2. Одржува антиоксидантна рамнотежа

Овој витамин не само што ја промовира мускулно-скелетната долговечност, туку има и антиоксидантна природа. Една студија покажала дека кај лицата со доволно ниво на витамин Д во организмот е поголема веројатноста да се забележи антиоксидантна рамнотежа. Од друга страна, лицата со дефицитарни нивоа на витаминот имаат ризик од зголемен оксидативен стрес.

3. Го помага репродуктивното здравје

Кога станува збор за репродуктивната функција на телото, важно е да се знае дека витаминот Д е вклучен од еректилната функција и подвижноста на спермата па сè до зачнувањето и бременоста. Иако сè уште не е испитано докрај, сепак бројни истражувања покажале дека и мажите и жените можат да имаат подеднаква корист од витаминот Д особено во поглед на репродуктивното здравје.

4. Го одржува оралното здравје

Витаминот Д игра огромна улога за целокупното орално здравје, особено во поглед на одржувањето цврста забна глеѓ, здрави непца и оралниот имунолошки систем.

5. Помага во регулирање на гастроинтестиналниот тракт

Иако висококвалитетниот пробиотик е најдобрата алатка за одржување здрав гастроинтестинален тракт, сепак и витаминот Д поволно влијае врз здравјето на цревниот микробиом. Од друга страна, здравото црево е од витално значење кога станува збор за правилна апсорпција на витаминот Д.

6. Ја одржува когнитивната функција

Рецепторите за витамин Д се распространети низ целиот нервен систем што укажува на тоа дека витаминот Д е еден од најклучните елементи во одржувањето на функцијата на нервниот систем и здравјето на мозокот. Покрај тоа, истражувањата покажале дека доволната количина на витамин Д во организмот помага да се подобри и расположението што го прави моќна алатка во поглед на психофизичкото здравје.

Откако прочитавте за здравствените придобивки од витаминот Д, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 намирници богати со витамин Д треба да бидат застапени во вашата исхрана во зима.

Извор: mindbodygreen.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар