6 хранливи додатоци за детоксикација

6 хранливи додатоци за детоксикација

Доколку се чувствувате виновно заради нарушувањето на вашата диета, не грижете се бидејќи брзо можете да се вратите на правиот пат. Неколку видови храна можат да ви помогнат побрзо да ги исфрлите токсините од телото и да не чувствувате напади од глад кои можат да бидат резултат на прејадување со шеќер, нездрави јаглехидрати и секаков вид брза храна.

Ќе бидат потребни неколку денови за телото да се привикне на старо-новиот режим, но доколку вие помогнете со внимателно одбирање на храната во текот на тие денови, набрзо грешката може да биде поправена. Ова се шест видови храна кои можат да ви бидат од голема корист.
6 хранливи додатоци за детоксификација

Боровинки

Боровинките со полни со антиоксиданси и содржат голема количина на растителни влакна. Тие ќе ви помогнат да си го одржите дигестивниот систем во полна брзина, а на телото ќе му ги дадат потребните витамини и минерали. После нарушувањето на исхраната, можете да почнете со шејк од боровинки и јогурт со ниска масленост.6 хранливи додатоци за детоксификација

Спанаќ

Наместо да правите мешана или зелена салата за детоксикација, пробајте да употребите свежи листови од спанаќ. Листовите спанаќ содржат железо и се богати со минерали и антиоксиданси. Тие се исто така добар извор на растителни влакна и ќе ви помогнат да го прочистите вашиот систем додека го обновувате вашето тело со хранливи материи.6 хранливи додатоци за детоксификација

Јаболка

Тие се одличен додаток во која било исхрана за детоксикација. Кората од јаболката содржи голем број минерали, природни шеќери и растителни влакна. Едно јаболко дневно во комбинација со некој извор на протеини, претставува одлична ужина во оваа фаза на чистење на организмот.6 хранливи додатоци за детоксификација

Аспарагус

Аспарагусот е природен диуретик и може да помогне да се намали подуеноста на стомакот после прејадувањето со нездрава храна. Додадете варен аспарагус во вашата свежа салата или јадете го како додаток во кој било оброк.6 хранливи додатоци за детоксификација

Пиперки

Црвени, зелени или жолти, воопшто не е важно, бидејќи сите пиперки се полни со антиоксиданси, минерали и многу витамини. Тие можат да бидат одличен додаток во вашето дневно мени за време на фазата на чистење на организмот. Исто така, тие имаат многу мал број калории и можат да го направат оброкот многу побогат. Можете да ги јадете свежи и печени.6 хранливи додатоци за детоксификација

Лимони

Нема потреба директно да отидете на некоја луда диета базирана на лимонов сок за да направите комплетна детоксикација. Тие се одличен додаток во вашата исхрана и содржат витамин Ц. Препорачливо е лимоновиот сок да го пиете помешан со топла вода кога ќе станете од спиење.6 хранливи додатоци за детоксификација
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар