6 горчливи вистини со кои ќе се соочи секој добар родител

6 горчливи вистини со кои ќе се соочи секој добар родител

Да се биде родител е најубавото и најнаградувачкото искуство во животот. Но сите добри и грижливи родители треба да научат неколку тешки лекции на нивното патување додека ги претвораат децата во добри личности. Ова се 6-те тешки лекции што секој родител мора да ги научи.

6 горчливи вистини со кои ќе се соочи секој добар родител

1. Не ги поседувате вашите деца

Најтешкото нешто за родителите е одвојувањето од нивните деца. Навистина им е проблем да го прифатат фактот дека тие не ги поседуваат нивните деца, и покрај целиот труд што го вложиле во нивно одгледување. Родителите се начинот на кој тоа дете дошло на овој свет, но тоа е посебна личност со негова судбина.

Децата се резултат од желбата на животот да биде искусен. Тоа е сила поголема од родителите и без разлика дали ќе ја наречете Бог или природа, децата потекнуваат од неа. Родителите се само медиум преку кој тие стигнале на овој свет.

2. Не треба да ги терате децата да размислуваат како вас и да имаат исти верувања како вашите

Не само што не ги поседувате, туку вашите деца имаат право на нивни мисли и верувања. Тие имаат уникатна улога во светот и сопствен потенцијал. Родителите би требало да им ја дадат потребната слобода и простор самите да одлучуваат за нивниот живот и самите да создаваат верувања. Децата треба да живеат нивен живот и да придонесат за општеството на нивен начин.

3. Треба да им дадете простор да ги научат животните вештини

Како родители, сигурно постојано сакате да му помагате на детето за сите обврски и да го заштитите од каква било неволја. Понекогаш родителите донесуваат одлуки со цел да го заштитат детето, но често само го спречуваат да научи нешто ново.

Навистина е лесно да им ја напишете домашната на децата, но со тоа не им помагате. Важно е да им дозволите некои работи да ги завршат сами и некои нешта да ги научат сами. Дозволете им да бидат свои и поддржувајте ги секогаш.

4. Децата имаат нивна судбина

Често родителите ги користат нивните деца за да ги исполнат нивните неисполнети соништа. Личноста која не можела да стане доктор, свесно или потсвесно ќе го тера детето да ја одбере таа кариера. Но, вашето дете е уникатно и посебно и има своја судбина. Тоа има уникатни дарби и таленти, а вашата обврска е да го поддржувате додека се обидува да ги исполни неговите соништа и да ја најде неговата животна цел.

5. Не можете да бидете со нив 24/7

Ова е можеби најболната лекција за родителите. Кога-тогаш тие ќе мораат да го пуштат нивното малечко. Улогата на секој добар родител е да го подготви детето да биде независно и да му даде уште повеќе поддршка кога тоа се подготвува само да се соочи со светот.

6. Секој ден ќе им требате сè помалку

Кога детето ќе се роди, тоа не е свесно за себе и има потреба од постојана грижа. Дури на 2-3 години детето почнува да развива его и на некој начин да станува свесно за себе. Но сепак, додека е дете, целиот негов свет се врти околу родителите.

Штом детето ќе тргне на училиште, ќе почне да учи да биде независно од неговите родители. Некои од нештата што ќе ги научи можеби нема да се совпаѓаат со мислењето и верувањето на родителите. Па, често децата почнуваат да поставуваат прашања за религија или за бакнување. За прв пат авторитетот на родителите е предизвикан, и токму во овој период родителите треба да ги поддржат нивните деца и да им дозволат да станат независни.

Како што децата растат и го истражуваат светот, толку помалку ќе имаат потреба од родителите. Најдобро е да ја прифатите оваа лекција што побрзо, бидејќи на тој начин подобро ќе го пуштите вашето дете да стане независна личност.

Погледнете и кои се нештата што децата треба да ги научат од своите родители.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар