6-годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му

6-годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му

Неколку денови откако Дру дознал дека татко му боледува од многу ретка форма на рак, решил да направи сè што може за да му помогне со медицинските сметки. Тој поставил штанд за продавање лимонада во дворот пред неговата куќа. Покрај штандот наместил знак на кој пишувало „Ве молам помогнете му на тато, 25 центи за лимонада“.6 годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко муНа почетокот оваа идеја изгледала како многу мала работа и никој не се надевал дека 6-годишно дете би можело да собере многу пари со продавање лимонада. Но, за големо изненадување на сите, веста брзо се раширила и почнале да се појавуваат многу луѓе. За само неколку часа имало редици од коли околу целиот блок каде што живеел Дру, а до крајот на денот тој успеал да собере околу 10.000 долари за татко му.6 годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му

„Тој е толку многу важен за мене, обожаваме да бидеме заедно поголемиот дел од времето. И двајцата сакаме да играме игри…“

Тој сакал да му помогне на татко му за да можат и во иднина да продолжат да поминуваат време заедно. Оваа неверојатна приказна е само уште еден доказ дека ништо не е невозможно. Сé што е потребно за голем успех е добра идеја, трпеливост и верување во себе.6 годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Немам коментар. Сите зборови се излишни.

  2. Exo Reply

    Се убаво.. алал му вера на детето.. само една работа ме интересира…

    10.000 долари ?
    по 25 центи од чаша ?

    детето продало околу 4-6 тона лимонада за еден ден? :)))))))))))))))))

    Колку и да имал донации.. тоа е сепак преголема цифра.

  3. Михаела Reply

    навистина прекрасна работа, него се прашувам колку од тие 10.000 долари им отишле на лимони, шеќер и вода за правењето на лимонадата…. колку чисти пари собрало детево?..

  4. Luna Reply

    не мора да значи дека сите давале 25центи можеби некој повеќе донирал

  5. Anonimen Reply

    Браво за детево 😀 :)))))))))))))))))))))))))))))))

  6. Prilep Reply

    Da bese vo Makedonija, dosega v zatvor ke bese za fiskalna 😀

  7. Ivva Reply

    Vo celava prikazna najbitno e sto ne baral milostina, tuku nacin kako da zaraboti dovolno za da mu pomogne na semejstvoto. Svatete ja poentata.

  8. Meri Reply

    Dusiceee bas bi sakala i jas da imav tolkava mok za da go spasam i mojot tatickooo :'(

Остави коментар