6 факти за кармата кои можеби не ги знаевте досега
Универзалниот принцип на кармата е поврзан со циклусот на причина и последица – секоја акција што ја преземате сега влијае на вас во иднина. Законот на кармата важи и за вашите мисли и зборови, а не само за вашите постапки.
Денес луѓето ширум светот го користат концептот на карма за да ги објаснат човечките судбини, околности, настани… Во продолжение прочитајте ги овие факти за кармата кои можеби не ги знаевте досега.
1. Кармата не треба да биде само казна за правење нешто лошо. Тоа не е само казна. Тоа е дел од патувањето на душата. Сите ваши постапки влијаат на вас.
2. Законот на кармата може да ви помогне да се движите низ животот. Страдањата, наградите и сите други предизвици кои животот ви ги фрла се тука за да можете да преминете во следната фаза од животот. Тоа ви помага да го разликувате доброто од лошото и само тогаш можете да изберете подобар пат за себе.
3. Не е важно дали вашите дела се големи или мали. Немојте да мислите дека вашите мали напори не се доволни, бидејќи секоја акција има влијание во иднина. Секоја мала акција што ја преземате помага да се обликуваат идните настани.
4. Можете да користите одредени зборови за да ја исчистите вашата карма, а понекогаш дури и не сфаќате дека го правите тоа – тоа е древната свест што може да ви помогне да ја подобрите вашата карма.
5. Кога ќе сфатите дека дури и вашите мисли и најбезначајните постапки влијаат на вашата реалност, станувате потрпеливи и престанувате да дејствувате набрзина.
6. Секоја негативна карма може да се претвори во позитивна, бидејќи вашата судбина е во вашите раце.
Откако ги прочитавте овие факти за кармата, можеби ќе сакате да прочитате и и на кој начин можете да привлечете позитивна карма во вашиот живот.
Извор: sensa.mondo.rs