6 есенски намирници за зајакнување на имунитетот
Есенската храна е богата со антиоксиданти, кои се многу корисни во борбата против разни болести, бидејќи ја спречуваат оксидацијата на клетките. Ако сакате да го зајакнете имунитетот, вклучете ги овие намирници во вашата исхрана.
1. Костени
Костените се препорачуваат за оние кои страдаат од бубрежни заболувања. Богати се со калиум и фосфор и содржат бакар кој ги зајакнува коските и имунитетот. Костените го забрзуваат создавањето на црвените крвни зрнца и се доста калорични, па затоа ќе ве одржуваат сити.
2. Круши
Омиленото есенско овошје содржи голема количина витамин Б, што ни помага полесно да се справиме со стресот. Крушите се многу корисни во исхраната на дијабетичарите, бидејќи имаат висока содржина на влакна и помагаат да се спречи дијабетесот. Тие се добри за стомакот и за срцето, бидејќи го регулираат нивото на холестерол во крвта.
3. Тиква
„Портокаловата кралица на есента“ е богата со здрави масни киселини, а омега-3 киселините се важни за здравјето на срцето и на крвните садови.
Содржи многу влакна и го чисти дигестивниот тракт, а каротеноидите што ги содржи го намалуваат ризикот од рак и ја штитат кожата од УВ-зраци. Семките од тиква содржат влакна, фосфор, манган и железо.
4. Цвекло
Цвеклото е познато како најдобар лек против анемија, го штити црниот дроб и го намалува крвниот притисок. Ако јадете цвекло, ќе ги отстраните знаците на исцрпеност.
5. Брокула
Само 45 грама брокула содржат 70 проценти од препорачаната дневна доза на витамин Ц. Освен тоа, содржи антиоксиданти кои се борат против разни видови рак.
6. Јаболко
Јаболката содржат многу витамини, го зајакнуваат имунитетот, ги спречуваат настинките и го намалуваат ризикот од инфекција на респираторниот тракт. Го намалуваат нивото на холестерол, а поради содржината на пектин помагаат во детоксикација на телото, одржувајќи рамнотежа во цревната флора.
Прочитајте кои додатоци во исхраната може да го зајакнат имунитетот.