6 докази дека мајките ни се најголемата поддршка во животот
Мајките заземаат важно место во сите наши срца. Без разлика на тоа колку години имаме, дали сме во брак или не, и дали имаме деца или не, мајките секогаш се карпата во нашиот живот – оние на кои можеме да се потпреме во секое време. Тие се нашата емоционална поддршка, а тоа може лесно да се забележи и според начинот на кој сè помалку боли кога сме во нивната прегратка. Сигурни сме дека веќе ги знаете овие нешта, но сепак решивме да ги издвоиме за да им покажеме и на самите мајки дека тие се секогаш во нашите мисли!
1. Таа ве потсетува дека мажот со кој сте раскинале не е вреден за вашите солзи
Со една прегратка и сочувствителен поглед, мајките се оние што нè охрабруваат да продолжиме понатаму по распадна љубов. Тие успеваат да ги кажат вистинските зборови што лесно ни помагаат да најдеме утеха.
2. Скока кога ви треба помош
Без разлика дали станува збор за топла шолја чај кога сте болни, разговор покрај кафе кога ви треба соговорник или чување дете кога сте на неочекуван службен пат – мајките се секогаш тука за нас!
3. Ве предупредува кога претерувате
Премногу алкохол, пресилна шминка, облека што лошо стои… Тие секогаш ќе најдат начин како да ви покажат дека сте претерале во нешто. Иако можеби некогаш дури и ќе ве налутат, брзо сфаќате дека тоа го прават за ваше добро.
4. Толерира сè
Можете слободно да ѝ се јавите на вашата мајка во кое било време од денот или ноќта и таа трпеливо ќе ве сослуша. Кога сте покрај неа не треба ни да внимавате дали сте премногу патетични, премногу чувствителни или премногу плачливи. Таа е тука да ве сослуша и утеши онака како што само мајка знае.
5. Не го крие своето вистинско јас
Со годините доаѓа и мудроста и самодовербата. Таа е пример за ова! Како што поминува времето така таа е поотворена кон вас, секогаш покажувајќи се себеси во вистинското светло. На овој начин секојдневно ви покажува колку е важно и вие да бидете вистинските вие.
6. Ве потсетува дека вредите и дека треба да ги следите соништата
Постојано ве потсетува дека никогаш не сте престари за ништо, и дека никогаш не треба да престанете да се борите за своите соништа. А ако забележува дека се откажувате од нешто што навистина ви е важно, таа ќе најде начин како да ве врати назад на вистинскиот пат, дури и без да забележите!
Прочитајте ги и овие 30 знаци дека вашата мајка е најважната личност во вашиот живот!