6 чудни нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови
Кога ќе погледнете вљубен пар, хемијата помеѓу нив е очигледна, и тоа не само на фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи. Тие се поддржуваат, имаат одлична комуникација, се шегуваат… Но што е со сите бизарни детали кои имаат влијание на квалитетот на бракот? Според науката, постојат многу случајни работи кои можат да го направат бракот успешен. Ова се 6-те нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови.
1. Голема венчавка
Од Универзитетот во Вирџинија била спроведена анкета во која учествувале американски брачни парови. Целта била да се открие врската помеѓу среќниот брак и минатото на парот. Едно од нештата што се истакнало била свадбата. Анализирањето на бракот на 418 парови покажало поврзаност помеѓу формалната венчавка и среќата и квалитетот на бракот. Според истражувањето, среќата била одредена од бројот на гостите, а не од тоа колку луксузна била свадбата.
2. Голема густина на коските
Истражување во кое учествувале 632 возрасни личности нашло врска помеѓу здравјето на коските и квалитетот на бракот. Мажите кои никогаш не биле во брак, биле разделени, разведени или вдовци имале значително помала густина на коските. Научниците ја откриле само поврзаноста, но не и причината. Па додека да ја најдат, почнете да пиете млеко на состаноците.
3. Атрактивна сопруга
Зарем треба да бидеме изненадени? Едно истражувањето 4 години го следело животот на 450 нови брачни парови. Потоа биле прашани дали атрактивната сопруга значи поголемо задоволство во бракот. Мажите рекле да, но жените рекле не.
4. Неатрактивен сопруг
Едно истражување покажало дека на жените им е подобро доколку се венчаат со неатрактивен маж. Експертите веруваат дека причината е тоа што неатрактивниот сопруг подобро ќе ја третира атрактивната сопруга, бидејќи на мажите навистина им е важна убавината.
5. Одвоени хобија
Колку се важни заедничките интереси? Штом ќе стапите во брак, можеби ќе мислите дека треба сè да правите со партнерот. Но ако едниот партнер не сака некоја активност, подобро е да ја правите сами. Според едно истражување, паровите кои имаат различни хобија се посреќни во бракот.
6. Одложување на родителството
Кога ќе прашате некои родители какво влијание имале децата на нивниот брак, тие ќе ви кажат дека им се зајакнала врската. Но едно истражување открило дека младите парови без деца ги имаат најсреќните врски. Ова не треба да ве изненади кога ќе земете предвид колкава одговорност е да се биде родител.
Погледнете и кои се непишаните правила за успешен и среќен брак.