6 брзи и едноставни рецепти со јогурт кои се одлични за вашето здравје

6 брзи и едноставни рецепти со јогурт кои се одлични за вашето здравје

Бидејќи јогуртот има ниска калорична вредност и исполнет е со корисни бактерии и витамини, тој е идеална напивка која ги зајакнува коските и имунитетот. Па, доколку сакате да ја подобрите вашата здравствена состојба, погледнете ги следниве начини на кои можете да подготвите здрави и едноставни оброци со јогурт.

6 брзи и едноставни рецепти со јогурт кои се одлични за вашето здравје

1. Ставете неколку суви брусници или други бобинки во висока чаша и потоа наполнете 2/3 од неа со полномасен јогурт. Додадете и ред мусли со малку мед на врвот и потоа послужете како појадок.

2. Исечете го авокадото на ситни парчиња, а потоа додајте му лимонов сок, исечкана чили пиперка, кромид и свеж коријандер. Измешајте ги сите овие состојки со јогурт и послужете како сос за различни специјалитети.

3. Измешајте го јогуртот со исечкан лук, нане и ким. Оваа мешавина е совршена како прелив за варен зеленчук.

4. Направете брз сос за тестенини со ниска калорична вредност така што ќе го зачините јогуртот со исечкан босилек, италијански магдонос и крес. Додајте и малку фета сирење, како и неколку исечкани пиперки. Измешајте ја смесата со варените тестенини и декорирајте со црн бибер.

5. Јогуртот може да биде и вкусен прелив за компир. Измешајте исечкан лук, маслиново масло и лимонов сок со јогурт, а потоа ставете бибер и додајте ја мешавината на сварените и оладени млади компири.

6. Направете си интересна салата така што ќе комбинирате булгур, шери домати и рукола. Направете прелив од јогурт, исечкано нане, лук и лимонов сок и потоа сипете го врз салатата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар