6 бои на коса што ќе бидат модерни во 2020 година
Боите на коса што ќе бидат модерни во 2020 година се природни, но ладните нијанси повторно се во предност. Меѓу трендовите хит ќе бидат и силните бои – црвената и сите бои на виножитото. Но, имајте на ум дека при изборот на боја на коса, не можете само да ги следите трендовите. Тие може да ви послужат како инспирација или да ви помогнат да го пронајдете вашиот стил, но вашата боја на коса треба да одговара на вашиот тен.
1. Ладни нијанси
Еден од најважните трендови не е бојата, туку нијансата на косата. Љубителите на русата коса треба да имаат сиви прамени, а ако имате потемна коса, можете да користите виолетов или син шампон.
2. Видливи израстоци
Се враќа трендот од доцните 90-ти. Израстокот може да биде поголем, помал, потемен или посветол – не е важно.
3. Црвена боја
Црвената коса одговара на неколку видови кожа. Најдобро им одговара на жените со светол „млечен“ тен и на жените со маслинест тен. Запомнете дека сите црвени нијанси ги нагласуваат несовршеностите и црвенило на лицето. Ако сте решени радикално да ја промените бојата на косата, започнете со црвена омбре фрузира.
4. Карамела руса
Оваа боја е една од најомилените бои на жените. Исклучително е секси, изгледа сензуално, а нагласените прамени додаваат природност и волумен. Оваа боја изгледа најдобро на долга коса.
5. Розова, сина, зелена, виолетова
Оваа година, можете да имате розова, зелена, сина или виолетова боја на косата. Постојат многу полутрајни или трајни производи за боја на коса што не се штетни и кои се погодни за бојадисување на косата дома. Но, не треба веднаш да ја бојадисате целата коса. Ставете боја само на прамените, на шишките или на краевите.
6. Темнокафеава со рефлексија
Ова е идеален предлог за сите бринети и жени со темна коса. Вешто направениот отсјај на темната коса може да ви додаде сјај и да направи да изгледате помладо. Најважно е да ги погодите вистинската боја и сјајот, а во тоа ќе ви помогнат спрејовите за сјај и тоникот за коса.
Погледнете и кои 6 бои на облека ќе бидат во тренд во 2020 година.