6 алтернативни начини за хидратација доколку немате навика да пиете вода

6 алтернативни начини за хидратација доколку немате навика да пиете вода

Сите знаеме колку е важна водата за нашето здравје и енергија. Хидратацијата не е важна само за време на летото, туку и во текот на целата година. Нашето тело се состои од повеќе од 70% вода, а таа е неопходна за живот, за регулирање на температурата на телото, подмачкување на зглобовите, елиминирање на токсините, хранење на клетките и помага во процесот на варење.

Препорачаната дневна доза e околу 2 литри, но таа зависи од возраста, полот, како и од други фактори како што се тежината и степенот на физичка активност. Недостатокот на вода во организмот е проследен со следниве симптоми: вртоглавица, главоболка, сува кожа…

Пиењето доволна количина вода прави вашата кожа да изгледа многу подобро, посвежо, помладо, а и ќе ви се зголеми енергијата и ќе ви се подобри здравствената состојба. Прочитајте ги следниве алтернативни начини за хидратација доколку не внесувате доволно вода во текот на денот.

1. Чаеви

Чајот е еден од најдобрите начини за одржување на организмот во оптимална состојба што се однесува до водата во организмот. Дали знаете дека во текот на летото Арапите пијат топол чај наместо ладно пиво? Мислите дека тоа е случајност? Тие се експерти при борбата против топлината. Изборот на чаеви е голем, од билни до овошни, а доколку не ви одговара на 30+ степени да пиете топол пијалак, можете чајот да го ставите во фрижидер да се излади и да го консумирате ладен. Тој е идеална замена за вода.

2. Смуди

Доколку трагате по нешто за освежување, ова е совршениот пијалак за вас. Овошјето како што се дињата, јагодите и портокалите содржат висок процент вода, а доколку од нив направите сокови или смуди ќе се освежите и ќе му дадете на организмот одредена количина вода што е неопходна. Сепак, не заборавајте дека е подобро овошјето да се јаде цело бидејќи содржи повеќе хранливи влакна.

3. Лубеница (кралица на летото)

Лубеницата е зеленчук што содржи најголем процент вода, речиси 95% од вкупната тежина. Нејзината голема моќ за хидратација во комбинација со слаткиот вкус и малата количина на калории (едвај 20 калории на секои 100 грама) ја прават една од најдобрите намирници во летните месеци и се вклопува во многу диети баш поради малиот број калории. Во вид на сок, исечена на коцки или во смуди, нека биде неизоставен дел од вашиот фрижидер.

4. Салати

Зеленчукот како зелената салата, карфиолот, тиквичките, спанаќот, пиперките и краставиците содржат и до 95% вода. Подгответе свежа салата од нив или ставете ги во смудито. Ќе ви дадат многу енергија и ќе придонесат за хидратација на телото.

5. Лимонада

Лимонада е вода со состојки кои ја подобруваат хидратацијата. Покрај тоа што може да ја направите со лимон, во неа може да додадете и портокал, ванила, рузмарин… Се работи за пијалак кој е вкусен и освежителен во однос на чистата вода која нема никаков вкус поради што многумина не ја внесуваат доволно. Сепак, водете сметка за количината шеќери што ги додавате кога правите лимонада.

6. Домат

Дали знаевте дека доматот содржи 93% вода? Освен големиот процент вода, доматот во себе содржи една драгоцена состојка наречена ликопен која е добар антиоксидант. Доматот може да се консумира на повеќе начини, но најдобро е да се јаде свеж во вид на салата.

предупредувачки знаци дека не пиете доволно вода.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар