54 афирмации што ќе ви помогнат да се ослободите од анксиозноста и да го манифестирате животот од соништата

54 афирмации што ќе ви помогнат да се ослободите од анксиозноста и да го манифестирате животот од соништата

Речиси и да не постои личност којашто во еден момент од животот не се почувствувала анксиозно. Голема е веројатноста и вие да сте биле или да сте во таква ситуација. Во овие моменти важно е да знаете дека стравот е само чувство и дека сигурно ќе помине. За полесно да се справите со анксиозноста и конечно да ги остварите вашите желби, прочитајте ги овие моќни афирмации.

54 афирмации што ќе ви помогнат да се ослободите од анксиозноста и да го манифестирате животот од соништата

1. Дозволено ми е да се чувствувам онака како што се чувствувам денес.

2. Во ред е да бидам разочаран/а. Во ред е да се распаднам. Отпорот само прави да страдам.

3. Сакам да ја видам оваа промена. Дури и ако сè што сум пробал/а не функционирало, сакам да верувам дека промената е возможна.

4. Можам да ги ценам моите чувства, но не и да им верувам.

5. И претходно сум бил/а анксиозен/на и ништо лошо не се случило. Тоа е бидејќи има нешто погрешно со начинот на којшто размислувам, а не со тоа каков/ва сум и каков е мојот живот.

6. Поблиску сум отколку што мислам.

7. Стигнав подалеку отколку што мислев дека можам.

8. Ќе погледнам назад кон овој период и ќе ми недостасува.

9. Не се плашам од мојата иднина бидејќи иднината сè уште не е создадена. Мојот страв не е кристална топка.

10. Во моментот кога ќе одберам да не ѝ верувам на мојата грижа, ќе ја уништам нејзината моќ.

11. Кога се грижам, привлекувам повеќе грижа. Поради тоа секогаш се грижам за катастрофа, но никогаш не доживувам катастрофа. Јас сум фокусиран/а на страв, не на трагедија и од тоа добивам повеќе и повеќе.

12. Она што го чувствувам е нормално.

13. Како реагирам на овие околности е исто како што би реагирал секој во моја кожа.

14. Не сум скршен/а, јас сум само некој што е посвесен за она што го прави и што не сака да го чувствува.

15. Нема потреба постојано да бидам среќен/на.

16. Не треба да се присилувам да бидам мирен/на.

17. Способен/на сум да го променам мојот живот на подобро.

18. Не можам да контролирам кои мисли и чувства доаѓаат во моето тело, но можам да контролирам дали ќе реагирам на нив. Мојот живот не го дефинираат моите мисли, туку моето однесување.

19. Јас сум самокритичен/на бидејќи се грижам за себе. Знам дека сум способен/на за големи нешта, само ако си се тргнам од патот.

20. Го барам најлошото сценарио бидејќи длабоко во себе се обидувам да се заштитам.

21. Што побрзо им дозволам на чувствата да ме преплават, толку побрзо ќе поминат и енергијата во мене ќе биде трансформирана во мотивација и обновен поглед.

22. Дури и ако се чувствувам анксиозно, тоа не значи дека сум далеку од мојот пат.

23. Понекогаш кога се чувствував навистина анксиозно, всушност одев по вистинскиот пат. Не го сфатив тоа сè додека не погледнав назад.

24. Кога ќе почнам да одам по она што навистина го сакам, чувствувам отпор и стрес. Тоа е бидејќи знам дека сум ранлив/а. Тоа не значи дека сум неуспешен/а или неспособен/на.

25. Она што е спротивно на мојот најлош страв, е она што ми е судено да го искусам во овој живот.

26. Како би било доколку не бев анксиозен/на? Што би правел/а денес доколку не се чувствував лошо? Тоа ќе правам. Ќе станам таа личност.

27. Си простувам за сè што не сум си дозволил/а да чувствувам.

28. Прифаќам дека секоја емоција има важна улога во мојот развој, освен срамот.

29. Разбирам дека срамот е создаден од луѓето со цел да се контролираат едни со други. Сфатив дека не ми служи, па го пуштив.

30. Моите мисли за анксиозноста се пострашни од моите чувства. Кога навистина се фокусирам на нив, сфаќам дека моите чувства се само мали парчиња напнатост со кои сигурно можам да се справам.

31. Дозволено ми е да направам што било што ми е потребно за да го поминам овој ден.

32. Нема да се срамам или мразам себеси бидејќи го правам она што ми е потребно за да го поминам овој ден.

33. Дозволено ми е да се одморам.

34. Дозволено ми е да се премислам.

35. Не ѝ должам ништо на мојата помлада верзија или кој било што ме познавал пред овој момент. Не треба да ги исполнувам очекувањата од минатото за да бидам успешен/на.

36. Никој не мисли за мене како што јас мислам за себе. Во ова наоѓам некаква слобода.

37. Јас не сум анксиозна личност, јас сум некој што искусува анксиозност. Тоа не треба да ме дефинира.

38. Ќе се покажам денес, најмногу што можам.

39. Кога ќе си ја вратам енергијата и кога ќе се чувствувам удобно во ова ново поглавје од мојот живот, ќе бидам пофокусиран/на и помотивиран/а од кога било.

40. Ќе му дозволам на моето тело да се ослободи од она што го собирало и она што не му е потребно.

41. Прифаќам длабоко, целосно исцелување во мојот живот.

42. Ѝ заповедам на секоја клетка во моето тело да се ослободи од секаква болест или напнатост што не ми служи.

43. Јас сум излекуван/а колку што верувам дека сум.

44. Ќе го научам мојот мозок да не паничи кога се чувствувам анксиозно.

45. Разбирам дека не сум скршен/а, туку трауматизиран/а.

46. Разбирам дека иако траумата не е моја вина, сепак е мој проблем со којшто треба да се справам.

47. Јас одредувам како ќе се одвива мојот живот.

48. Јас сум одговорен/на за тоа каков ќе биде мојот живот.

49. Не треба да се борам против чувството на анксиозност. Треба само да се релаксирам и да почекам да помине.

50. Чувствата, еднаш почувствувани, ќе се променат со текот на времето.

51. Нема засекогаш да бидам анксиозен/на.

52. Секогаш ќе ја прифќам анксиозноста кога ќе дојде.

53. Повеќе не се борам против себе.

54. Никогаш повеќе нема да си пружам отпор.

Погледнете и кои се афирмациите што ги користат најуспешните луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар