53 работи што можете да ги направите во животот наместо да имате деца
Некои луѓе едвај чекаат да го започнат своето семејство, но сепак овој живот не е за секого. Постојат многу начини на кои можете да живеете исполнет живот ако спаѓате во втората група. Погледнете 53 работи кои можете да ги направите во вашиот живот наместо да имате деца.
1. Започнете ново интересно хоби кое отсекогаш сте сакале да го пробате.
2. Патувајте и истражете го светот.
3. Започнете непрофитна организација за работа која навистина ја сакате.
4. Бидете тетка или чичко кој/а активно ќе се вклучи во животот на внуците.
5. Започнете ваш бизнис.
6. Имајте ја неверојатната кариера што ја посакувате.
7. Создадете го животот што отсекогаш сте го сакале, со вашиот дом од соништата, во градот што најмногу го сакате.
8. Станете активен член на вашата заедница.
9. Уживајте во животот без деца со вашиот партнер и одржете ја врската среќна и здрава.
10. Станете експерт во областа што ја сакате.
11. Конечно завршете го образованието и добијте ја посакуваната диплома.
12. Започнете патување за да бидете во најдобра форма.
13. Научете некоја вештина која отсекогаш ви изгледала интересна.
14. Посвојте и грижете се за милениче.
15. Започнете блог. Пишувајте за вашите искуства или за нештата што ги знаете.
16. Тргнете на животно патување за себеоткривање и самоподобрување.
17. Волонтирајте или донирајте.
18. Уживајте во можноста да останете дома цел ден и маратонски да гледате серии и да јадете сладолед.
19. Зачувајте ги вашите пари и искористете ги да им помогнете на семејството и на пријателите.
20. Излезете надвор и истражете ја природата.
21. Уживајте во животот на ваш начин, без исклучоци.
22. Составете животна листа на нешта што сакате да ги направите, и направете ги сите.
23. Спонзорирајте дете.
24. Одете на часови и работилници за работи што ги сакате.
25. Излезете од удобната зона и предизвикајте се да пробате нешто ново.
26. Направете листа со вашите стравови и фобии и победете ги сите.
27. Поврзете се со старите пријатели што ги немате видено долго време.
28. Образувајте се. Учете уметност, наука, филозофија, психологија…
29. Купете приколка и живејте како номад.
30. Живејте го животот спонтано.
31. Запознајте многу интересни луѓе од разни култури и позадини.
32. Посветете го животот на филантропијата.
33. Научете нов јазик (и искористете го).
34. Искусете како е да се живее во други делови од светот.
35. Научете ги другите на вашите вештини.
36. Помогнете им на семејството и на пријателите да ги остварат своите цели и соништа.
37. Цел ден останете во кревет со партнерот кога имате слободен ден.
38. Работете кон рано пензионирање.
39. Станете нечиј ментор.
40. Осмелете се да се ставите на прво место.
41. Вклучете се во некој клуб или социјална група.
42. Напишете книга за вашите животни авантури. Раскажете ја вашата приказна.
43. Почестете се со луксузот што можете да си го дозволите.
44. Станете забавувач.
45. Уживајте во луксузот на спиењето до доцна.
46. Посветете го вашето време да им помогнете на други деца или семејства.
47. Бидете (и останете) вљубени.
48. Имајте неверојатен сексуален живот.
49. Култивирајте живот полн со забава и авантури.
50. Ако долгите врски не се за вас, забавувајте се со разни луѓе.
51. Одржувајте подобри врски со семејството и пријателите.
52. Научете да бидете без деца без срам или извинување.
53. Правете што сакате, бидејќи можете.
Прочитајте ги и овие корисни совети кои ќе го променат вашиот живот.