52-годишната Хали Бери открива како постојано да изгледате како 25-годишни девојки

52-годишната Хали Бери открива како постојано да изгледате како 25-годишни девојки

Хали Бери изгради исклучителна кариера како актерка, така што стана дел од голем број незаборавни филмови и носител на најпопуларната награда во светот на Холивуд – Оскар. Но, изгледа дека ако одбрала различен пат, оваа јога божица многу лесно би можела да стане професионален атлет, токму поради нејзината мотивација и посветеноста на фитнесот.

Со своите 52 години, Инстаграм профилот на Хали Бери сведочи за тоа како таа успева да го задржи својот младешки изглед и со своите 2,8 милиони следбеници е инспирација за многумина. Таа често споделува совети за нејзините вежби, а со својата серија позната како „Фитнес петок“, демонстрира различни јога пози, вежби со тегови, боксувања и медитациии. Таа е навистина силна и изгледа неверојатно, па ако ви е потребна дополнителна мотивација за вежбање летово, дојдовте на вистинското место! Тоа што Хали Бери го прави навистина функционира.

„Јас верувам дека доброто здравје и добросостојбата се клучни за вистинската убавина“, пишува таа. „Светот на убавината постојано еволуира, создавајќи длабока врска помеѓу здравјето, добросостојбата и тоа што ние го знаеме како убаво.“

Покрај Гвинет Палтроу, Камерон Дијаз и Рис Витерспун, Хали Бери е само уште еден член на клубот ѕвезди што прифатиле холистички пристап и физичка цврстина за да ја шират пораката дека „силното е убаво“.

Преминете на следната страница и погледнете ги останатите фотографии, како и советите што можат многу да ви помогнат во вашите секојдневни фитнес рутини и планови за здрава исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар