50+ совршени подароци за секоја жена во вашиот живот
10. За онаа која сака музика…
Иако цедињата не се повеќе ин, миксот со нејзините омилени песни кој ќе може да го слуша во кола е секогаш добра идеја. Другите идеи вклучуваат: постер или футрола за телефон со музички мотиви, црна чанта во форма на радио и кратки чизми со реси кои ќе ѝ одговараат во комбинација, елек за дополнување на рок стилот и секако гитара на која сонува да научи да свири од свои 10 години. А можеби баш она што го сака е микрофон за лудите караоке журки кои се наоѓаат на нејзината листа со работи кои мора да ги направи во новата година…
11. За онаа која сака да ужива во удобноста на нејзиниот дом…
Познавате ли ваква девојка? Ако одговорот е да, тогаш изборот за подарок за неа не е никогаш тежок. Кадифени пижами, кадифено мече и топлинки кои ќе ја греат во ладните денови, голема, удобна и мека перница и ќебе кое ќе ја натера да помисли на вас секогаш кога ќе се покрие со него, нејзиниот омилен филм или книга или можеби сет за везење доколку тоа е нејзината потајна љубов… Не ја заборавајте и огромната шолја за кафе во топли бои, како и декоративните, миризливи свеќи за уште потопла атмосфера.
12. За онаа која сака животни…
Почнувајќи со часовник со слика од некое животно, продолжувајќи со налепници за телефон или лаптоп, можеби слика со нејзиното милениче, перница во форма на маче или куче или паричник, па сѐ до пижами со животни или дури и долна облека со овие мотиви се само дел од идеите на листата. А најубаво, миленичето кое толку долго го посакува. Дали сакате да додадете нешто што не го гледате на сликата?
13. За онаа која сака да вежба…
Спортската облека не е никогаш лоша идеја. Спортски градник, шорцеви или хеланки за вежбање, маичка со кул и инспиративен натпис за фитнес, патики за трчање и секако сет од стегачи и шноли за коса за да не ѝ смета додека посветено трча или вози велосипед… Слушалките за музика и mp3 плеер со компилација од нејзините омилени песни се исто така добар избор, како и многу други идеи кои ги гледате на сликата.
14. За онаа која го сака својот дом…
Доколку се мислите што да ѝ купите на жената која едноставно обожава да го уредува својот дом, тогаш одговорот лежи баш во изборот помеѓу: декоративни елементи за дневната соба, декоративни свеќи или некој украс за празниците кои се ближат, дизајнерски перници или парче мебел на кое невидено ќе се радува бидејќи совршено одговара на веќе уредениот простор. Слика е исто така убав подарок или можеби ѕиден часовник доколку таков сѐ уште нема. А амбиенталните светилки сигурно ќе бидат вистински погодок.
Дали избравте?