50+ совршени подароци за секоја жена во вашиот живот - Part 2

50+ совршени подароци за секоја жена во вашиот живот

5. За онаа која ја сака природата…

(5)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Со подарок како велосипед нема никогаш да погрешите. Но, нема да погрешите ни со добра книга за природата или можеби готвач за органска храна, некој чај од билки и чаша во комплет, како и платнена чанта за секој ден. Она кое посебно ќе ја израдува е некое растение за кое ќе може да се грижи со многу љубов. Или сет со креми за нега на лицето, рацете и телото со траги од природни масла и состојки. Изберете од многуте идеи кои ги гледате на сликата.

6. За онаа која сака да излегува…

(6)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Штикли, шминки, чанта и парчето накит кое одамна се подготвува да го купи, но никако да го направи тоа. А што е со новиот модерен фустан со гол грб на кој му е потребен и соодветен градник кој совршено ќе го дополни изгледот? Малиот паричник кој ќе го собере во нејзината нова мини чанта е уште подобра идеја, нели? И секако, светкавите додатоци за коса за гламурозен изглед.

7. За онаа која ја сака убавината…

(7)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Сѐ што треба да направите е да одите во најблиската продавница за козметика и да почнете да избирате: сенки за очи, маскара, кармин, руж… Не ги пропуштајте и четките за нанесување шминка и моливчето за очи, како и новиот лак за нокти во бојата која совршено одговара на претстојната зимска идила. Или, крема за интензивна нега на рацете која ќе ја заштити од ладното време и пудрата со заштитна улога за лицето. Можеби и преубав несесер во кој ќе ги чува сите овие работи и многу повеќе идеи за кои сигурно ќе добиете инспирација од сликата или во текот на шопингот.

8. За онаа која сака да чита…

(8)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

И додека јасен избор е новата книга од нејзиниот омилен писател, можеби убава идеја е и некоја дизајнирана тетратка со инспиративен декор во која и самата ќе почне да пишува. Други идеи: платнена чанта со смешен, но кул натпис, очила за читање или пак, само како додаток на новиот, писателски изглед, како и чорапи на кои се извезени најубавите љубовни цитати. Дали имате уште некоја идеја? Можеби шолја во која ќе го пие своето какао додека ја чита новата книга?

9. За онаа која сака да готви…

(9)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Готвачот е секогаш добра идеја, а оној новиот на Џејми Оливер е полн со интересни идеи за празниците кои нè очекуваат. Декоративните садови за сервирање на превкусната храна нема да се на одмет, како и чашите за вино со изгравирана посвета. Невообичаената престилка која совршено ќе ѝ одговара на лудиот карактер, тетратката во која ќе ги запишува нејзините кулинарски изуми и моливот во комбинација, а можеби и калапи во разни форми за преслатки колачиња совршени за зимската атмосфера се уште некои од идеите. А има и многу повеќе…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар