50+ совршени подароци за секоја жена во вашиот живот

50+ совршени подароци за секоја жена во вашиот живот

Празниците се ближат и само е прашање на време кога ќе дојде моментот кога ќе сфатите дека немате идеја што да ѝ купите на вашата мајка, баба, жена, сестра, девојка и/или другарка. Но, нема никаква потреба да се грижите за тоа бидејќи на следните неколку слики ќе најдете повеќе од 50 идеи за совршен подарок за секоја припадничка на понежниот пол која е дел од вашиот живот. А најубавото од сѐ, нема шанси да погрешите.

(15)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

1. За онаа која сака да патува…

(1)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Од торбичка со шминки и огледало, до слушалки за телефон, на оваа слика се прикажани сите неопходни работи кои ѝ се потребни на секоја девојка која обожава да патува. Удобни, но модерни патики во комбинација со шал, пегла за коса или фигаро, држач за пасош за олеснително поминување низ пасошка контрола и уште многу други идеи. А најубавото – мапа со сите посакувани дестинации за шетање.

2. За онаа која сака коктели…

(2)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Сликата кажува и повеќе од зборовите. Сѐ на едно место: книга со сите можни текила коктели, миксер за мешање на сите состојки за совршениот коктел и секако – состојките, отворач за шишиња во комбинација со најдоброто шише текила, а да не ги заборавиме и чашите за служење на коктелот. А и многу повеќе…

3. За онаа која сака кафе…

(3)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Кафе, кафе, кафе… Одберете од целиот спектар на вкусови и врсти или пак, од сите по едно пакетче. Не заборавајте на шолјата со испишана или изгравирана посвета, како и на машината за подготовка на еспресо. А ако сето ова веќе го има, тогаш можеби можете да се одлучите за термос за кафе кој баш добро ќе ѝ се најде кога ќе се успие за на работа и нема да има време да ужива во свето утринско задоволство. Козметиката за нега на тело со кафе е уште поубава идеја или пантофлите со кафе мотиви за удобно чекорење низ нејзиниот дом.

4. За онаа која сака благо…

(4)-50+-sovrsheni-podaroci-za-sekoja-zhena-vo-zashiot-zhivot-kafepauza.mk

Нејзините омилени благи се први на листата, нели? А потоа доаѓаат и оние кои се втори и трети, како и книга со полно рецепти за во новата година да може и сама да си ги приготвува овие слатки задоволства. Можеби и новиот локум со мента не е лоша идеја или пак, нејзиниот омилен сладок парфем за претстојната ладна зима. Да не ги заборавиме и балсамот за усни со вкус на вишна, кутијата за накит во форма на торта и многу други идеи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар