50 причини зошто е прекрасно да се биде во брак
Сопрузите и сопругите не се совршени. Длабоко ви се извинуваме доколку оваа реченица ви го пукна вашиот љубовен меур од бајките, но за жал тоа е суровата вистина. Но, секој оној којшто извесно време е дел од брачна заедница, знае дека подобро е да има покрај себе несовршен сопружник, наместо никаков. Двајца луѓе кои континуирано работат на својот личен развој, како и на развојот на нивната врска, упорно и без откажување кога работите стануваат тешки, макар колку и да се несовршени во карактерот, ќе продуцираат речиси совршена и спокојна заедница.
Во прилог, со вас ќе ги споделиме овие топ 50 причини зошто е прекрасно да се биде во брак:
1. Имате некој со кој ќе остарите заедно.
2. Колку подолго сте заедно, толку сексот станува сè подобар.
3. Вие сте си најголемиот обожавател, еден на друг.
4. Испуштањето природни гасови пред партнерот, не е ништо срамотно.
5. Имате некој кој ќе го бакнувате до крајот на животот, а тоа има свои здравствени придобивки.
6. Бракот е тим сочинет од два членови, којшто секогаш победува.
7. Во студените зимски ноќи, имате човечко „ќебе“ кое ве топли додека спиете.
8. Да се биде „врзан“ со некој друг е многу забавно и не е застрашувачко за вашата слобода и индивидуалност.
9. Сопругот/ата знае како да ве насмее, дури и кога не ви е дојдено до тоа.
10. Вашиот најдобар пријател, ви е истовремено и партнер за редовен секс.
11. Науката вели дека женетите мажи заработуваат повеќе пари.
12. Презервативи треба да користите само доколку сакате да спречите несакана бременост, а на поради страв од сексуално преносливи болести.
13. Покрај себе имате некој кој нема да се смее на вашите соништа.
14. Експериментирањето во сексот и вашите секси-фантазии можат да биде реализирани во секој момент, без да се грижите дека ќе биде погрешно сфатени.
15. Не морате да одите сами на свадбата кај третиот братучед, со кој последен пат се видовте кога бевте бебиња.
16. На жените во брак не им е срам или незгодно, доколку испуштат воздух од нивната вагина во текот на сексот.
17. Сопругот/ата ве познава. Ги познава сите ваши слоеви и сè уште ве обожава.
18. Финансиската моќ на двајца, е секогаш поголема отколку финансиската моќ на сингл човек.
19. Можете да зборувате „валкано“ во кревет, без грам срам и тоа само дополнително ќе ве возбуди и двајцата.
20. Кога длабоко се гледате во очи, чувството е неверојатно убаво.
21. Кога сте во брак, се развивате емоционално и психички како личност.
22. Секогаш покрај себе имате некој со кој можете да ги прославувате вашите родендени, годишнини, празници, слави и кои било датуми што ви се важни.
23. Во човековата природа е да сакате да имате некој покрај себе во животот.
24. Имате некој со којшто можете да ги споделите сите ваши приказни.
25. Статистички, луѓето во брак имаат повисоки стапки на среќа и пониски стапки на психички проблеми.
26. Имате некој со кој ќе ги споделувате сите обврски и ситуации, а на тој начин сè е барем за 50% полесно.
27. Сопругот/ата ќе ве предизвикува да бидете најдобра верзија од себе.
28. Тој или таа ќе ви помогне да ги остварите вашите соништа.
29. Ако имате деца, вие ќе бидете како моќна владејачка партија, а децата ќе бидат вашата опозиција.
30. Луѓето коишто се во брак се попретпазливи во животот и не преземаат негативни ризици (пр. возење автомобил без безбедносен појас или под дејство на алкохол, користење наркотици и влегување во опасни ситуации сл.)
31. Спонтаните патувања не се досадни. Напротив, тие се можност да поминете квалитетно време заедно.
32. Да бидете насамо, ви е секогаш првиот и најдобриот избор.
33. Друштвото на партнерот е утешително.
34. Научно е докажано дека бракот го продолжува животот.
35. Тоа што покрај себе имате некој со различен карактер, е всушност добра работа. Така учиме, така созреваме.
36. Венчалниот прстен на домалиот прстен на вашиот партнер/ка изгледа многу секси.
37. Во болест и во здравје, е еден од најважните завети коишто можете да си ги кажете еден на друг.
38. Вие се надополнувате еден со друг, како две делчиња од една сложувалка.
39. Можете пред партнерот/ката да кажете сè што имате на ум, без да се грижите дека ќе раскинете поради вашата искреност.
40. Романтични комедии, не се вашето единствено искуство во љубовта – во реалниот живот имате уште подобро!
41. Без разлика како некои жени се однесуваат кога се во ПМС, јадат чоколадо од 300 грама во 20 минути кога се под стрес или плачат на реклами на телевизија кога се хиперемотивни, тоа е сосема во ред и прифатено во брачниот живот.
42. Луѓето коишто се во брак имаат подобар и поцврст сон, во однос на разведените луѓе или оние кои се сингл.
43. Сопругот/ата во секое време може да ви биде домашен личен тренер или пријател за вежбање.
44. Секој ден поминат заедно со партнерот, го има потенцијалот да биде Денот на вљубените.
45. Фактот дека никој нема никогаш да ве сака подобро од вашата подобра половина, е најпрекрасното чувство.
46. Сте знаеле ли дека партнерите во посветена, сериозна љубовна врска имаат значително помали нивоа на стрес од останатите?
47. Во брак, секогаш покрај себе имате некој кој ќе се грижи за вас додека сте болни.
48. Емоционалната поддршка од партнерот, е најбесценето нешто.
49. Не е битно каков и колку скап поклон ќе изберете за партнерот. Важно е дека сте се сетиле да го направите тоа и го правите секоја година откако сте заедно.
50. Да се биде во брак е чудесен и најромантичен начин да се искаже љубовта кон една личност.
Имате уште причини поради кои сметате дека е прекрасно да се биде во брак? Доколку имате, не заборавајте да ги споделите со нас во коментарите.
Прочитајте и зошто брачните партнери кои се и најдобри пријатели се многу посреќни во животот.