50 причини поради кои вреди денес да станете од кревет, дури и ако немате волја
Немаме секое утро желба одма да скокнеме од креветот и да го започнеме денот. Некои утра се чувствуваме расположени и мотивирани за да ги извршуваме секојдневните обврски, но некогаш едноставно не сакаме да ја напуштиме удобноста која ни ја нуди нашиот кревет. Имајќи го ова на ум, постојат неколку причини поради кои навистина вреди да скокнете од креветот уште пред сонцето да изгрее. Прочитајте ги во продолжение!
1. Изгрејсонце – преубаво и магично. Вреди за него да се разбудите и да го гледате, бидејќи тоа може да биде извор на инспирација и мир кога ви се најпотребни.
2. Се разбудивте денес и ви остануваат уште 24 часа пред вас. Тоа се илјада четиристотини и четириесет минути кои треба да ги искористите како најдобро ви одговара.
3. Имате кревет на кој спиете, не заборавајте на тоа! Малечките моменти на благодарност можат да ви помогнат кога сте депресивни или тажни или кога чувствувате некои други емоции кои ве депримираат.
4. Чувството кога легнувате во кревет на чисти и студени чаршави.
5. Мирисот на свежо подготвено кафе во утринските часови.
6. Вкусот на совршена шолја чај доколку не го сакате кафето.
7. 5-те минути кога го пиете вашиот утрински пијалак во вашата омилена шолја.
8. Мирот на тивкото утро пред да се разбуди остатокот од светот или вашата куќа.
9. Чувството кога се туширате со жешка вода.
10. Можноста да влезете под туш и да бидете сами со своите мисли.
11. Мирисот на вашиот омилен сапун и/или шампон.
12. Користењето на нов жилет за првпат и чувството на совршено мазна кожа.
13. Избегнување на утринската гужва во сообраќајот.
14. Доколку треба да патувате подолго време, а веќе сте заглавени во сообраќајна гужва постои некоја убавина во слушањето на вашата омилена музика.
15. Слушањето на аудио-книги е исто така добра опција кога седите во вашиот автомобил додека чекате да тргне долгата колона.
16. Можноста да ја слушате омилената ТВ серија на Интернет, исто така додека сте заглавени во сообраќајот.
17. Работното опкружување каде што ќе ве чека барем еден колега кој ќе ве насмее.
18. Работното опкружување каде што се чувствувате безбедни и ценети.
19. Работното опкружување каде што сте слушнати.
20. Фактот дека имате работа која ја обожавате.
21. Фактот дека имате работа која не ја сакате многу, но ја имате затоа што со неа можете да си ги платите сметките.
22. Кога добивате имејл со убава содржина, а не известување за некоја неплатена сметка.
23. Имате пријатели кои ви испраќаат текстуални пораки само за да ве насмеат.
24. Имате пријатели кои ви испраќаат пораки без причина.
25. Имате пријатели кои ви се јавуваат и ви оставаат говорна порака.
26. Имате пријатели со кои можеби не разговарате толку често како некогаш, но тоа не значи дека поради тоа ги сакате помалку.
27. Имате пријатели кои секогаш ви одговараат на повиците – без оглед на тоа колку е часот.
28. Имате најмалку еден пријател кој ве познава најдобро од сите.
29. Ќе имате време посветено само за вас за подобро да се разберете себеси.
30. Можете да одите на прошетка во природа и да си дозволите да се „изгубите во вашите мисли“.
31. Светот сè уште ја има природата – плажите, шумите и океанот се насекаде околу нас и природните убавини не се уништени – барем не сè уште.
33. Постојат милиони начини да го посветите вашето време за да помогнете во спречување на уништувањето на природата.
34. Постојат милиони начини на кои би го посветиле вашето време да направите сосема мал гест за да го направите овој свет подобар. Одберете еден. Започнете со мали чекори.
35. Имате способност да го искажете вашиот глас.
36. Постојат милион убави, магични приказни кои би можеле да ги прочитате и да го откриете гласот на некој друг. Одете во библиотека. Одберете наслов. Започнете таму.
37. Живеете во време кога постојат книги.
37. Вие спаѓате во таа генерација која живееше со „Игра на троновите“.
38. Живеете во време кога постои Нетфликс.
39. Раскажувањето приказни живее и денес, а приказните се тие кои нè придвижуваат. И токму вие одлучувате кои приказни ќе ги прифатите.
40. Можете да одлучите која храна ќе ја консумирате.
41. Вие одлучувате кои медиуми ќе ги следите.
42. Вие одлучувате во чија придружба сакате да бидете.
43. Вие имате контрола.
44. Вие имате контрола над вашите навики, и врските во кои влегувате. Вие одлучувате како ќе реагирате на тешкотиите кои ги носи животот на вашиот пат. Не верувајте во лагата дека немате моќ. Вие ја имате целосната моќ.
45. Во вашата орбита, вие сте најмоќната сила.
46. Вие сте чудо. Да, вие. Науката и универзумот и ѕвездите се споиле за да ве направат баш такви какви што сте. Постои ѕвездена прашина во вашите коски и љубов која тече низ вашите вени.
47. Вие заслужувате љубов.
48. Вие сте привлечни.
49. Вие сте љубов.
50. Ако можете да ја ставите главата на вашата перница на крајот од денот знаејќи дека го дадовте најдоброто од себе – тоа секогаш заслужува да биде прославено.
Прочитајте го и ова ако не можете да се натерате да станете од кревет.