50 прашања што треба да ѝ ги поставите на мајка ви доколку сакате да дознаете каква личност сте навистина
Кога сме мали, ние ги впиваме сите информации околу нас како сунѓери. Толку многу нешта ни завршуваат во несвесниот дел од мозокот што големи се шансите дека никогаш нема да дознаеме што сè ни влијаело да израснеме во личноста во која сме. Па доколку сакате да добиете подобра слика за вашиот карактер, и за искуствата од детството што ви помогнале да се оформите во личноста што денес сте, тогаш веднаш поставете ѝ ги овие прашања на вашата мајка!
1. Кога бев мал/а, во каква личност мислеше дека ќе израснам?
2. Дали мислиш дека поседувам повеќе твои добри или лоши особини?
3. Што е најсмешното нешто што сум го кажал/а или направил/а како дете?
4. Кога за прв пат си ме чула како користам погрдни зборови?
5. Која била првата личност што ти кажала дека си бремена со мене?
6. Како ќе ме крстеше ако бев спротивниот пол?
7. Дали кога бев бебе личев повеќе на тебе или на тато?
8. Кои детски книги најмногу ми ги читаше кога бев мал/а?
9. Што било најдосадното нешто што сум го правел/а како бебе?
10. Кој најчесто ти помагал да се грижиш за мене?
11. Како ми го одбра името?
12. Дали мразеше кога ќе ми дојде на гости некој од моите училишни пријатели?
13. Кои беа првите зборови што сум ги изговорил/а?
14. Која е твојата омилена слика од мене?
15. Дали сакаше да бидам момче или девојче?
16. Колку те болеше породувањето?
17. Кое е твоето прво сеќавање од мене?
18. Која е првата играчка што се сеќаваш дека си ми ја купила?
19. Го дозна мојот пол пред да се родам или отпосле?
20. Се обидуваше да останеш бремена со мене или едноставно се случи?
21. Дали некогаш сум ти паднал/а од раце кога сум бил/а бебе?
22. Кога беше на моја возраст, дали сакаше деца?
23. Што најчесто ме расплакуваше кога бев мал/а?
24. Што најчесто ме смееше кога бев мал/а?
25. Кој цртан филм го гледав секој ден?
26. Дали некогаш си ме изгубила во супермаркет или на некое друго место?
27. На кој филм прв пат ме однесе во кино?
28. Која песна постојано ја слушав кога бев многу мал/а?
29. Што е најубавото нешто што некогаш сум ти го кажал/а?
30. Што е најзлобното нешто што некогаш сум ти го кажал/а?
31. Кое ми беше омиленото кадифено животно?
32. Која моја возраст ти беше најлоша за искусување?
33. На која моја возраст си се чувствувала најблиска со мене?
34. Што е првото нешто што ти паѓа напамет кога ќе го чуеш моето име?
35. Колку долго ти траеше породувањето?
36. Кој од родителите во моето училиште најмногу те нервираше?
37. Што е најлошото нешто во тоа да бидеш моја мајка?
38. Што е најдоброто нешто во тоа да бидеш моја мајка?
39. Кој ми бил омилениот вкус на бебешка храна?
40. Која е мојата најлоша навика?
41. Кој телевизиски карактер најмногу те потсетува на мене?
42. Која песна најмногу те потсетува на мене?
43. Кој член на семејството се обидуваше да го држиш подалеку од мене?
44. Дали некогаш сум направил/а нешто морничаво како дете што те исплашило?
45. Дали учев побрзо или побавно од останатите во моето одделение?
46. Кој бил најдобриот цртеж што некогаш сум ти го направил/а?
47. Од што најмногу се плашев како дете?
48. Дали има нешто во нашата семејна историја што си го чувала како тајна?
49. Сè на сè, дали ме сметаш за добро дете?
50. Дали си среќна со личноста во која израснав?
Прочитајте ги и овие 80 прашања кои секој треба да си ги постави себеси!