50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

Веројатно животните лекции, се нарекуваат така со причина. Мораме да имаме животно искуство, за да ги научиме лекциите. Колку повеќе искусуваме, толку повеќе лекции акумулираме. Без разлика, тоа не значи дека треба да чекате да остарите, за да се освестите што во животот е навистина важно и вредно за вашето внимание. Наместо тоа, треба да сте доволно љубопитни и да работите на вашата самосвесност и личен развој. Кога еднаш ќе ги научите овие лекции, можете да ги имплементирате во вашиот живот на која било возраст и да ги забележите позитивните придобивки за вашата среќа и благосостојба.

50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

1. Честопати во животот ќе мислите дека сте заљубени во некоја личност, ќе сметате дека е различна од сите досега и е вистинската за вас. Но, реалноста е дека кога ќе ја сретнете таа вистинска личност, ќе дојдете до заклучок дека со сите претходни партнери, само сте си го губеле времето.

2. Кога имате некаков конфликт во љубовната врска, тој не е помеѓу вас и вашиот партнер. Напротив, со заеднички сили треба да се изборите против проблемот, а не да се борите еден против друг.

3. Можеби немате контрола врз однесувањето на другите луѓе, но затоа имате контрола врз вашите реакции на тоа однесување. Научете да не реагирате избрзано и импулсивно.

4. Доколку сакате да знаете кои се вашите вистински пријатели, дознајте кои од нив кажуваат добри работи зад вашиот грб, а лоши работи директно во вашето лице.

5. Никогаш немојте да влегувате во врска со некој, со помислата дека вие можете да го промените. Едноставно, или ќе ја прифатите личноста со сите мани и доблести или не треба воопшто да бидете во таа врска.

6. Висината на вашата плата не се базира на тоа колку напорно си ја работите работата. Ве плаќаат според тоа колку сте тешко заменливи.

7. Бидете личноста којашто ви е потребна во животот.

8. Доколку сте за нешто загрижени, а постои начин со кој можеби ќе придонесете да се подобри состојбата, престанете да се грижите и сторете го тоа. Доколку сте загрижени за нешто и не постои ништо што можете да направите за да ја промените ситуацијата, тогаш престанете да се грижите. Во секој случај, грижата е само губење време.

9. Искачете се на планина за да можете да го видите светот, а не за светот да ве види вас.

10. Направете листа со сите нешта коишто посакувате да ги има вашиот партнер. Ќе знаете дека сте ја пронашле вистинската личност, не во моментот кога тој или таа ќе ги исполни сите точки од листата, туку кога ќе ја фрлите во канта.

11. Доколку очекувате дека стапувањето во брак ќе ја промени вашата врска, тогаш вие не сте спремни за брак.

12. Никогаш не си дозволувајте детето во вас целосно да умре.

13. На некои луѓе нема никогаш да им се допаѓате и тоа веројатно не е ништо лично. Можеби не ви звучи рационално, но тоа е вистината. Немојте да си го губите вашето време и енергија, обидувајќи се да ја привлечете нивната наклонетост, бидејќи тоа е само изгубено време, коешто можете многу попаметно да го вложите во луѓето на коишто им се допаѓате.

14. Не е важно како се чувствувате. Влезете со главата крената нагоре и со насмевка на вашето лице. Однесувајте се како да сте сопственик на тоа место. Ако треба и глумете дека така се чувствувате. Не му дозволувајте на никој да мисли дека има нешто во вашиот ум, што ве плаши и загрижува. После извесно време, трудот ќе ви се исплати и нема да има веќе потреба да се преправате.

15. Не е кавга, ако само една личност зборува цело време.

16. Секоја личност којашто ќе ја сретнете, го живеела целиот свој живот, пред моментот на вашето запознавање. Никогаш не го заборавајте тоа.

17. Доколку неодамна почнавте да вежбате во фитнес-сала, немојте да се чувствувате несигурно околу тежината којашто ја подигате или од начинот на којшто изгледате додека ги правите вежбите. Запомнете дека, сите што се таму, одат за да вежбаат, фокусирани се на себе и воопшто не ги интересира што правите вие.

18. Доколку сакате да бидете победници, мора да се чувствувате удобно кога ќе излезете надвор од удобната зона.

19. Можете премногу да ја сакате компанијата во којашто работите, но запомнете дека компанијата не ве сака вас.

20. Никогаш не сфаќајте ништо лично, дури и ако навистина е. На овој начин ќе се заштитите од многу страдања и нервози.

50 навидум едноставни животни лекции кои значително ќе ви ги прошират видиците

21. Никогаш не се плашете да признаете дека не знаете нешто или сакате нешто повторно да ви се објасни.

22. Никогаш немојте вештачки да се трудите да импресионирате некого и да му се улизувате, за да му го привлечете вниманието кон вас. Вашето достоинство е единственото нешто со коешто ќе отидете во гроб.

23. Имајте повеќе одошто покажувате, зборувајте помалку одошто знаете.

24. Никогаш немојте да се омажите за некој маж, пред да дознаете каков е, кога е гневен.

25. Мотивацијата е привремена работа, дисциплината трае вечно.

Прочитајте ги преостанатите 25 животни лекции, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар