50 моќни прашања кои ќе ви го ослободат умот

50 моќни прашања кои ќе ви го ослободат умот

Станува збор за едни од оние прашања кои едноставно немаат точни или погрешни одговори. Со самото тоа што си ги поставувате себеси, вие веќе го добивате одговорот. Погледнете ги следниве моќни прашања кои ќе ве натераат да размислувате, но и кои ќе ви го ослободат умот.

50 моќни прашања кои ќе ви го ослободат умот

1. Колку години би имале кога не би знаеле колку години имате?

2. Што е полошо, неуспехот или никогаш да не се обидете?

3. Ако животот е толку краток, зошто правиме толку многу нешта што не ги сакаме и не правиме толку многу нешта што ги сакаме?

4. Кога сè е кажано и направено, дали сте кажале повеќе одошто сте направиле?

5. Ако можете да одберете едно нешто што најмногу би сакале да го смените во светот, што би било тоа?

6. Ако среќата е национална валута, каква работа би ве направила богати?

7. Дали го правите тоа во што верувате, или пак, сте помирени со тоа што го правите?

8. Ако просечниот човечки живот беше 40 години, дали би го живееле вашиот живот поинаку?

9. До кој степен сте имале контрола над насоката во која тргнала вашиот живот?

10. Дали повеќе се грижите да ги правите нештата правилно или пак, да ги правите правилните нешта?

11. На ручек сте со 3 личности кои ги цените и на кои им се восхитувате. Одеднаш сите тие почнуваат да критикуваат ваш близок пријател, не знаејќи дека го знаете. Критиките стануваат невкусни и неоправдани. Што ќе направите?

12. Ако можете да му понудите само еден совет на новороденче, кој би бил тој?

13. Дали би го скршиле законот за да спасите сакана личност?

14. Дали некогаш сте виделе лудило каде што подоцна сте виделе креативност?

15. Што е тоа што го правите различно од повеќето луѓе?

16. Како е можно нештата што ве прават среќни, да не влијаат така и на останатите?

17. Што е единственото нешто што не сте го направиле, а што навистина сакате да го сторите? Што ве задржува?

18. Дали се држите за нешто што треба да го пуштите?

19. Ако треба да се преселите во друга држава, каде би оделе и зошто?

20. Дали го притискате копчето од лифтот повеќе пати? Дали навистина верувате дека на тој начин лифтот ќе се движи побрзо?

21. Дали попрво би биле загрижен гениј или среќен акмак?

22. Зошто ти си ти?

23. Дали сте онаков пријател каков што би сакале и вие да имате крај себе?

24. Што е полошо, кога добар пријател ќе се исели или кога ќе изгубите контакт со добриот пријател кој живее во ваша близина?

25. За што сте најблагодарни?

26. Дали попрво би ги изгубиле старите сеќавања или способноста за правење нови?

27. Дали е можно да ја дознаете вистината без претходно да ја предизвикате?

28. Дали вашиот најголем страв некогаш се остварил?

29. Дали се сеќавате на оној момент, кога пред 5 години бевте екстремно вознемирени? Дали сега ви значи тоа нешто?

30. Кое е вашето најсреќно сеќавање од детството? Што е тоа што го прави толку посебно?

31. Кога во вашето неодамнешно минато, најмногу сте се чувствувале страствено и живо?

32. Ако не сега, тогаш кога?

33. Ако сè уште не сте го постигнале тоа, тогаш што имате да изгубите?

34. Дали некогаш сте биле со некој, не сте кажале ништо и сте си отишле со мислата дека тоа е најдобриот разговор кој некогаш сте го имале?

35. Зошто религиите кои ја поддржуваат љубовта предизвикуваат толку многу војни?

36. Дали е можно да се знае, без никакво двоумење, што е добро, а што зло?

37. Ако освоите милион евра, дали би дале отказ од вашата работа?

38. Дали попрво би сакале помалку да работите или повеќе да работите нешто што уживате да го правите?

39. Дали се чувствувате како да сте го живеете овој ден илјадници пати претходно?

40. Кога бил последниот пат кога сте влегле во темница со само едно мало светло од идеја во која силно сте верувале?

41. Ако знаете дека сите што ги познавате ќе умрат утре, кој би посетиле денес?

42. Дали би си го намалиле животниот век за 10 години со цел да станете екстремно привлечни и славни?

43. Која е разликата помеѓу тоа да се биде жив и навистина да се живее?

44. Кога е време да престанете да ги пресметувате ризиците и наградите и едноставно да се препуштите и да го направите тоа што знаете дека е правилно?

45. Ако учиме од нашите грешки, зошто секогаш се плашиме да не згрешиме?

46. Што би направиле различно ако знаевте дека никој нема да ве осудува?

47. Кога последен пат сте го забележале звукот на вашето сопствено дишење?

48. Што љубите? Дали со некоја од вашите неодамнешни активности отворено сте ја изразиле оваа љубов?

49. За 5 години од сега, дали ќе се сеќавате што сте правеле вчера? Што се случува со денот пред тоа? Или денот пред тоа?

50. Одлуките се прават во истиот овој момент. Прашањето е: Дали ги правите за себеси или им дозволувате на другите да ги прават наместо вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар