50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врската

50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врската

Понекогаш нема потреба да правите многу за вашиот партнер да се чувствува сакано. Со овие мали гестови секој ден ќе му покажувате дека го сакате.

50 мали нешта што прават мажите да се чувствуваат сакано во врската

1. Исчистете го умот пред да се видите со него за да се чувствувате среќно и возбудено. Не носете го со вас стресот од денот.

2. Заблагодарете му се секогаш кога ќе се обиде да направи нешто добро за вас или за вашата иднина.

3. Чувајте го неговото омилено пиво во фрижидерот.

4. Во посебните прилики купете картичка и напишете што е можно повеќе изјави што почнуваат со „Го сакам тоа што…“

5. Кога е топло изненадете го со ладен пијалак. Кога е студено направете му чај или топло чоколадо.

6. Прегрнете го кога ќе се сретнете и кога се збогувате.

7. Галете го нежно по грбот кога е под стрес.

8. Галете го додека гледате нешто.

9. Научете како да масирате и помогнете му се да се опушти без да очекувате нешто за возврат.

10. Откријте кое му е омилено јадење и научете да го правите беспрекорно.

11. Наполнете му го автомобилот со гориво.

12. Откријте кој е неговиот љубовен јазик. Некои луѓе се чувствуваат сакано на одреден начин. Кога ќе го откриете неговиот, ќе знаете како да му ги покажете вашите чувства.

13. Прашајте го дали е гладен и подгответе му нешто додека е зафатен.

14. Ако имате проблеми во врската, размислете кој разговор би бил најпродуктивен. Не чувајте ги проблемите во себе додека не почнете да станувате злобни. Кажете што ви пречи.

15. Кога се расправате, секогаш треба да сте во ист тим. Не заборавајте дека е потребно да откриете што е најдобро за вас двајцата. Ако некој „победи“ во расправата, губите и двајцата.

16. Кога размислувате за него и сте среќни, кажете му го тоа.

17. Кажете му дека е привлечен.

18. Ако постојат обврски што ги мрази, ако можете завршете ги место него.

19. Донесете му кафе во креветот ако се разбудите порано.

20. Кажете му дека ви недостига.

21. Не дозволувајте да си замине без да го бакнете.

22. Масирајте му ги стапалата ако имал напорен ден.

23. Кога ќе го видите, насмејте се.

24. Ако работи од компјутер, научете како да му ги масирате дланките и рацете. Кога постојано ги користи тие мускули се создава многу напнатост.

25. Ако одите негде на подолго време, направете му ги омилените колачиња или што било пред да заминете.

26. Ако планирате да ја поминете вечерта гледајќи некој филм, направете го состанокот поинтересен со неколку свеќи и нешто за грицкање.

27. Кажете му колку добар партнер е и зошто.

28. Оставете го неговото омилено чоколадо со мала порака врз торбата пред да замине на патување.

29. Галете му ја раката кога седите до него.

30. Оставете го да се успие.

31. Кога се тушира, напишете му слатка порака на огледалото.

32. Направете вечера за вас двајцата без никаков повод.

33. Кажете му колку ве привлекува.

34. Поминете со прстите низ неговата коса.

35. Понудете да завршите некоја обврска што ја одложува долго време.

36. Купете му некој луксузен подарок што не би си го купил самиот.

37. Кога е под стрес поради работата, потсетете го колку е добар во тоа што го прави.

38. Направете коктели некоја вечер кога ќе се вратите од работа.

39. Разбудете се порано и направете палачинки или друг појадок пред да заминете на работа.

40. Направете му го омилениот сендвич и оставете му слатка порака.

41. Кога зборува, навистина слушајте го. Оставете го телефонот настрана.

42. Заблагодарете му се што е толку добар со вас.

43. Средете му го автомобилот.

44. Ако не сте планирале ништо за некоја вечер, изненадете го со неговиот омилен филм.

45. Кажете му колку среќно и сакано се чувствувате поради него.

46. Во зима загрејте му го автомобилот пред да оди на работа.

47. Допирајте го на начин што не е поврзан со секс.

48. Кажете му дека сте горди на него.

49. Секогаш бидете на негова страна.

50. Кажете му дека го цените.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте вљубени во добар маж.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар