50 ДА кои ги кажувате со судбоносното ДА

50 ДА кои ги кажувате со судбоносното ДА

Сè во љубовта се сведува на она ДА! Но, не е само едно ДА, вие треба постојано да сте подготвени да кажувате ДА – секој ден до крајот на животот.

1-50-DA-koi-gi-kazhuvate-so-sudbonosnoto-DA-kafepauza.mk

1. Да, верувам дека заедно можеме да создадеме прекрасен живот.

2. Да, сакам да се будам до тебе секој ден.

3. Да, сакам да се грижам за тебе кога ќе се разболиш.

4. Да, сакам да ти бидам рамо за плачење.

5. Да, сакам да бидам твоја потпора.

6. Да, те сакам, и засекогаш ќе те сакам.

7. Да, ние сме тим.

8. И да, планирам да „работиме“ како тим.

9. Да, верувам дека ти ја имаш најубавата душа, која некогаш сум ја сретнал/а.

10. Да, сакам да имам деца, исти како тебе.

2-50-DA-koi-gi-kazhuvate-so-sudbonosnoto-DA-kafepauza.mk.

11. Да, сакам заедно да остариме.

12. Да, сакам да ги поддржам сите твои пасии.

13. Да, те сакам за себе.

14. Да, те сакам до себе за да чекориме во животот рака под рака.

15. Да, се грижам.

16. Да, ми значиш.

17. Да, се плашам да те загубам.

18. Да, сакам да те задржам за себе што е можно подолго.

19. Затоа што, да, знам еден ден ќе те изгубам.

20. И да, планирам да бидам најдобар/ра сопруг/а на светот.

3-50-DA-koi-gi-kazhuvate-so-sudbonosnoto-DA-kafepauza.mk.

21. Да, разбирам дека понекогаш ќе треба компромис и подготвен/а сум да го направам.

22. Да, те сакам повеќе и од самиот живот.

23. Да, знам точно колку ми значиш.

24. Да, ветувам дека никогаш нема да заборавам.

25. Да, ти ја должам мојата среќа.

26. Да, ветувам дека ќе се трудам да те направам среќен/на секој ден до крајот на животот.

27. Да, ми требаш.

28. Да, те посакувам.

29. Да, знам колку изгубен/а би бил/а без тебе.

30. Да, ветувам дека никогаш нема да престанам да работам на себе.

31. Затоа што, да, знам дека можеби заслужуваш дури и нешто подобро од мене.

32. Да, знам колку неизмерно многу имам среќа што те пронајдов.

33. Да, знам колку многу среќа имам што ти ме одбра мене од сите на светов.

34. Да, го сакам ова – повеќе од сè.

35. Да, се чувствувам како да сме создадени еден за друг, како ѕвездите конечно да ни се подредиле.

4-50-DA-koi-gi-kazhuvate-so-sudbonosnoto-DA-kafepauza.mk.

36. Да, разбирам – никој не е совршен.

37. И да, знам – и двајцата правиме грешки.

38. Но, да, јас ветувам дека ќе издржам до крај и никогаш нема да се откажам.

39. Да, знам дека ти го заслужуваш тоа.

40. Да, сакам да бидам до тебе во неподносливо тешките времиња.

41. Да, сакам да бидам движечка сила на добрите времиња.

42. Да, сакам да ми бидеш сè.

43. Да, сакам да бидам твој/а.

44. Да, сакам да бидеш мојот живот – целиот мој живот.

45. Да, сакам да ги водам твоите битки кога нема да можеш сам/а да ги извојуваш.

5-50-DA-koi-gi-kazhuvate-so-sudbonosnoto-DA-kafepauza.mk.

46. Да, сакам да бидам татко/мајка, родител и љубовник, и знам дека можам и ти го заслужуваш тоа.

47. Да сакам да бидеме заедно, од овој ден па натаму, сè додека смртта не нè раздели.

48. Да, сакам да бидам со тебе на твојата последна воздишка.

49. Но, да, се надевам дека ти нема да бидеш со мене на мојата, затоа што не сакам да имаш скршено срце.

50. Да!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар