5 знаци со кои девојките им откриваат на момците дека сакаат само забава
Некои момци немаат способност да ја забележат новата фризура, маникирот или блузата на девојката со која излегуваат, но повеќето знаат да ги прочитаат знаците кои им кажуваат дали припадничката на спротивниот пол е заинтересирана за нив или не.
Кога жените се однесуваат на следниот начин, мажите во тоа однесување ќе прочитаат само желба за добра забава:
1. На првиот состанок или при првиот телефонски разговор, таа зборува за секс.
2. Носи облека која е многу куса, ги открива нозете, градите, грбот… Нејзината сексуалност е пренагласена.
3. Постојано му упатува комплименти на момчето.
4. Веќе на вториот состанок го поканува кај неа дома. Тој ѝ ветува дека само „ќе се мазат“, но таа нема ништо против и да преминат на акција.
5. На третиот состанок облекува секси долна облека со многу чипка, не оставајќи ништо на неговата имагинација. Неговиот интерес полека спласнува.
Од друга страна, околу вакви жени момците повеќе би се потрудиле:
1. Таа суптилно го заведува, ја открива својата страст преку говорот на телото.
2. Открива само еден од своите атрибути, нејзината сексуалност е дел од нејзината личност и не делува неприродно.
3. Го одржува неговиот интерес така што му упатува комплименти кога тој покажува желба за секс, и така тој чувствува дека и понатаму е во игра.
4. Секси долната облека е оставена на закачалката во нејзиниот тоалет за тој да ја види кога ќе дојде кај нејзе. Но, не денес.
5. Страсно се бакнуваат пред вратата. Таа би го повикала кај него, но знае да ја совлада желбата и се збогува со него на влезот. Искрата не се гаси, туку почнува да се распламтува.