5 знаци што покажуваат дека сте песимист
Песимизмот е особина која значително може да влијае на вашето секојдневие, па и на целиот ваш живот. Тој може да ви ги расипе односите со вашето семејство, вашиот партнер, пријателите или колегите. Карактеристично за песимистите е тоа што тие постојано ги гледаат работите во негативно светло и ја гледаат „чашата полупразна.“ Ова има моќ на овие личности да им го спречи патот кон успехот, а исто така и нивниот емоционален раст. Доколку сѐ уште не сте сигурни дали сте песимист, тогаш погледнете ги овие знаци кои се карактеристични за песимизмот и кои ќе ви помогнат да ги намалите вашите сомнежи.
1. Се сомневате во победата
Доколку постигнете одреден успех, наместо да си кажете дека тоа е резултат на вашата напорна работа, вие може да сметате дека тоа е производ на случајноста. Песимистите имаат проблеми при наоѓањето врска помеѓу нивните постапки и резултати. Следниот пат кога ќе ви се случи нешто добро, забележете како реагирате на тоа. Дали го прославувате вашиот успех и добро завршената работа или сметате дека сето тоа е само некоја случајност? Очекувањето позитивни резултати ќе доведе до уште подобри, а доколку нив ги објаснувате како среќна случајност, тоа може да ви го попречи вашиот напредок.
2. Претпоставувате дека работите нема да бидат добри
Дали претпоставувате дека работите нема да излезат добро, уште пред што било да се случи? Без разлика дали е тоа некој деловен состанок, аплицирање за работата од соништата или слично, песимистите имаат навика да претпоставуваат дека без разлика колку многу напор ќе вложат, работите ќе им пропаднат. Знакот на песимизам исто така може да се согледа и од начинот на кој реагирате на неуспехот. Дали откако, ќе се соочите со тоа вие си велите „Не сум изненаден/а?“ Со постојаното очекување на најлошото, вие ќе бидете опкружени само со негативности, кои нема да ви донесат ништо добро во животот.
3. Ги обесхрабрувате другите со своите критики
За песимистите, честопати не е доволно да живеат само со својата негативност. Тие може да им ги кажуваат причините на своите колеги зошто нема да успеат во нивните намери или пак да го обесхрабруваат партнерот во своите долгорочни цели. Иако како песимист вие можете да сметате дека негативните реакции ви се нешто што ви е потребно, не очекувајте другите луѓе да ви се заблагодарат за тоа, затоа што со тоа вие им ја одземате нивната енергија и им ги уништувате соништата.
4. Лесно се откажувате
Колку пати сте започнале нешто, па сте се откажале кога работите станале премногу тешки? Песимистите имаат тенденција да се откажат веднаш штом ќе се соочат со некоја тешка ситуација. Едно истражување покажало дека оптимистите и песимистите, решавајќи иста загатка, покажале сосема спротивно однесување. Оптимистите се труделе да го пронајдат решението од 50 до 100% подолго од групата на песимистите. Бидејќи успехот не може да се достигне без напорна работа и упорност, вашата наклонетост кон песимизам може многу да ве ограничува на вашето работно место, во вашиот личен живот, па и во емоционалниот раст.
5. Тешко опростувате
Песимистите потешко им опростуваат на другите и ова резултира со подолго задржување на бесот и лутината, а тоа може физички и емоционално да ги исцрпи. Размислете за тоа колку напор ви е потребно а да одржувате горчина и лутина кон некој. Недостатокот на простување може во голема мера да влијае на начинот на кој вие го гледате животот.