5 знаци што покажуваат дека имате токсичен однос со родителите и како да се справите со тоа
Дури и луѓето кои совршено се согласуваат со своите родители имаат периоди на несогласување и теми и мисли околу кои едноставно не се согласуваат. Ваквите разлики се сосема нормални, а тие претежно растат додека растете и создавате свои сопствени мислења и животни вредности кои се издвојуваат од оние што сте ги учеле дома. Но, ако некој од вашите родители постојано успева да предизвика несакани емоции кај вас, како што се тага, лутина, чувство на инфериорност и ниска самодоверба, треба да знаете дека тоа е токсичен однос. Токсичните односи се засноваат на лутина, емоционална манипулација и други негативни и болни чувства и го прават растењето крајно болно и предизвикуваат големи последици.
Одбивање
Физичката злоупотреба не е единствениот вид злоупотреба што може да има големи последици врз една личност. Истражувањата покажаа дека луѓето кои доживеале емоционална злоупотреба имаат иста стапка на вознемиреност, депресија, ниска самодоверба и мисли за самоубиство. Ако вашиот родител ги занемарил вашите емотивни потреби уште од рана возраст, тоа е знак дека тој не ви посветил доволно внимание.
Емоционална уцена
Ако некој од вашите родители постојано ве обвинува за сопствените чувства и неуспеси и ако постојано има потреба да ги истакнува сопствените потреби и да ве обвинува ако не се исполнети, тој е токсична личност.
Непочитување на границите
Токсичните родители не знаат за граници и кога самите ќе ги поставите и ќе им укажете дека нешто би сакале или не би сакале, тие се лутат, ве навредуваат или викаат. Пример за непочитување на границите е мешање во одлуките што ги носите, неодобрување на пријателите и на вашиот партнер и обид да го решат секој ваш проблем, дури ни кога не барате совет од нив.
Навредување
Секоја врска во која навредата е нормална и честа појава е токсична врска. Ако некој од вашите родители ве нарекува со погрдни имиња, ве навредува врз основа на изгледот, способностите или успехот, тогаш станува збор за негативно однесување. Ниту еден родител не треба да се однесува така и да комуницира на тој начин.
Страв
Друг индикатор за токсични родители е стравот. Ако не можете да кажете што мислите пред вашите родители затоа што се плашите од нив и ако се плашите од каква било интеракција и исход од интеракцијата, тоа е знак дека вашиот родител е исклучително негативна и токсична личност.
Што да направите?
Не можете да ги изберете родителите, но овој проблем е особено голем кога сте уште деца. Добрата работа е што кога ќе станете независни, не мора да бидете во контакт со родителите кои ве навредуваат, ве експлоатираат, ве манипулираат или користат каков било вид насилство. Првото нешто што можете да го направите е да го искажете своето мислење. Со укажување на проблемите, можно е да му ги отворите очите на родителот, но ако работите не се променат, оддалечете се за ваше добро. Ако сметате дека вашиот однос со родителите имал големи последици врз вас, би било добро да контактирате со експерт и да започнете со психотерапија.
Прочитајте кои 5 ситуации укажуваат дека на вашето дете му е потребно родителско внимание.