5 видови лоши бемки: Меланомот е еден од најопасните видови рак!

5 видови лоши бемки: Меланомот е еден од најопасните видови рак!

Секоја личност има бемки на своето тело. Експертите мислат дека секоја бемка може да биде опасна доколку доживее механичко оштетување. Меѓутоа, постојат и такви бемки кои се развиваат во меланом. Во продолжение прочитајте како да ги препознаете опасните бемки на вашето тело.

5 знаци на лоши бемки: Меланом е еден од најопасните видови рак!

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови рак, кој се развива со прилично голема брзина. Поради тоа, многу е важно да знаете да ги разликувате опасните бемки кои можат да се претворат во меланом.

Асиметрија: Доколку бемката е асиметрична, односно има неправилна форма, тогаш обратете се кај доктор.

Заматен изглед: Границата на бемката е матна и нејасна и не можете јасно да ја воочите.

Боја: Нормалната бемка има една единствена боја, најчесто светло кафеава. Доколку вашата бемка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темно кафеава, бела, па дури и да има неколку бои одеднаш. Уште полошо е кога околу меланомот ќе се појави црвенило или друга боја на кожата.

Димензии: Нормалната бемка не е поголема од пола сантиметар. Меѓутоа, секоја голема бемка не значи дека е меланом. Доколку имате голема бемка задолжително посетете доктор за да престанете да се сомневате.

Чувствителност: Доколку чувствувате непријатност кога ја допирате бемката, доколку ве чеша или боли – тоа е знак за меланом.

Што да правите понатаму?

Доколку воочите една од горенаведените промени кај некоја бемка, не паничите и задолжително посетите доктор. Откривањето меланом во рана фаза е сосема излечиво. Статистиката вели дека меланомот во рана фаза е излечив во 98% од случаите.

Како да се заштитите од меланом?

Најпрвин испитајте го вашето тело и секоја бемка. По 6 месеци, повторно направете испитување. Доколку воочите каква било промена кај некоја бемка – обратете се кај доктор. Тој ќе предложи отстранување на критичните бемки: оние кои се испакнати или оние кои се наоѓаат во пределот на пазувите, појасот, градите… Не одбивајте ја оваа процедура, бидејќи оваа постапка е безболна и не остава траги на кожата.

Дознајте и како солариумот може да поттикне генетска мутација која води до меланом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар