5 знаци кои укажуваат на тоа дека сте премногу чувствителна личност, но со неверојатно силен карактер

5 знаци кои укажуваат на тоа дека сте премногу чувствителна личност, но со неверојатно силен карактер

Иако можеби звучи неверојатно, комбинацијата од преголема чувствителност и силен карактер е сосема можна. И да, значи дека ќе се соочувате со проблемите кои ги имаат припадниците и на едната и на другата група. Но доколку погледнете на позитивната страна, факт е дека истовремено ќе ги имате и сите придобивки кои одат во пакет со овие особини, а оние по кои најмногу ќе се разликувате од останатите се следниве 5.

(1)-5-znaci-koi-ukazhuvaat-na-toa-deka-ste-premnogu-chuvstvitelna-lichnost-no-so-neverojatno-silen-karakter-kafepauza.mk

1. Понекогаш се чувствувате поразени

И тоа е сосема нормално и логично. Сите понекогаш се чувствуваме како нештата премногу да зависат од нас, а никако не гледаме начин сѐ да се заврши како што треба. И како да не се чувствуваме поразени во тие моменти? Но, иако на моменти кај вас преовладуваат чувствата, на крајот на денот на виделина излегува вашиот силен карактер и вие ја покажувате вашата решителност во изнаоѓањето решение за што и да е она што ве мачи.

2. Ги повикувате луѓето на одговорност

Не сте од оние луѓе кои го прават тоа постојано, мислејќи дека се најпаметни во собата, но кога некој ќе заслужи да го повикате на одговорност, тогаш тоа и го правите. Вие сте чувствителни и емотивни, а со тоа оди и голема осетливост на детали и неправда.

3. Не излегувате со кого било

Кратко и јасно, вие не сте тип на личност која може или има вишок време за да го троши на водење празни и бесполезни разговори ниту, пак, го сакате тоа. И тука веднаш се соочувате со проблем бидејќи ретки се оние луѓе кои го делат вашиот став. И додека вие сакате вистински разговор кој може навистина да ве одведе некаде, поголемиот дел од луѓето сакаат само добра забава. Но, вреди да чекате, бидејќи во ниту една друга ситуација не би биле среќни.

4. Не сте од оние кои постојано се жалат, но едноставно не можете да го поднесете туѓото глупирање кое директно влијае на вас

Сѐ си има своја граница, нели? Токму затоа, кога некој ќе претера, вие застанувате цврсто на нозе и се браните себеси и својот став. Благодарение на силниот карактер, тоа и не ви претставува проблем, а благодарение на чувствителноста, знаете и кога треба да го направите тоа. Способни сте да преминете преку многу работи, но сте уште поспособни и на некои да ставите крај.

5. Ве бидува за слушање

И за разлика од многу останати на кои низ едно уше им влегува, а низ другo им излегува, вие навистина го примате и обработувате тоа што другите ви го кажуваат. Па не е ни чудо што луѓето вам ви се обраќаат кога имаат проблеми или потреба од совет. Секој сака кога некој навистина ќе му обрне внимание и вие многу добро го знаете тоа, па не ви е тешко да бидете добар пријател кога тоа некому му потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар