5 знаци кои укажуваат дека раскинувањето било голема грешка
„Продолжи напред, остави го минатото зад себе“, е само еден од најчесто користените совети кои автоматски ги добивате од пријателите кога ќе им соопштите дека сте раскинале. Иако тие совети се добронамерни, сепак не успеваат да ви помогнат да заборавите на сѐ што се случило дотогаш.
Наместо автоматски да се фокусирате на идните планови и оставање на минатото таму каде што му е местото, запрашајте се две прашања: „Што ако пријателите и разумот не се во право? Што ако тој или таа навистина биле вашата вистинска љубов и заслужуваат уште една шанса?“ За да ви ја олесниме агонијата, ви нудиме 5 знаци кои укажуваат дека раскинувањето било голема грешка.
1. Ви недостасуваат работите кои сте ги правеле заедно
Како да знаете дека навистина сакате некого? Ако посакувате тој или таа да се среќни без разлика дали се со вас или не, тогаш знаете дека станува збор за вистинска љубов. После раскинувањето логично е да имате носталгија и неподносливо чувство на недостасување за работите кои сте ги правеле заедно. Меѓутоа тоа не е причина да се вратите во врската само поради моменталното чувство на самотија и недостасување. Доколку ви фали и среќниот израз на неговото или нејзиното лице, како и сите оние мали нешта кои сте ги правеле само да ги насмеете, тогаш тоа е знак за вашата несебичност и заљубеност. Вистинските љубови никогаш не умираат и треба да продолжат, зарем не?
2. Ви недостасуваат и лошите нешта
Кога некого сакате, дури и малите, ситни расправии само го зацврстуваат вашиот однос. Слично како во теретана, без напор и болка нема резултати. Доколку се присетите на некои мали расправии и на тоа колку биле слатки смирувањата после тоа, а причините за расправијата неважни, дефинитивно размислете дали прекинот на вашата врска бил добра одлука.
3. Чувствувате дека сите убави моменти би биле уште поубави ако бевте покрај него
Еден од показателите на љубовта е дека сите прекрасни моменти, како и тажните, сакате да ги споделите со вашиот партнер или партнерка. Доколку и понатаму помислувате на нив во моментите на неизмерна среќа и тага, тогаш дефинитивно треба да си поставите неколку прашања за продолжување на вашата врска.
4. Се обидувате да предизвикате љубомора кај него/неа
Да, велат дека најдобрата одмазда е ако покажете дека ви е многу подобро и дека се чувствувате посреќно без него/неа. Меѓутоа ако ве мачат мислите да ги направите љубоморни, а со тоа себеси среќни, запрашајте се дали е тоа навистина така. Личностите кои уживаат во својата среќа нема да помислат да направат некого љубоморен. Доколку и понатаму ви е важно нивното мислење, можеби тоа е знак дека треба да ги вратите во својот живот.
5. Сите потенцијални партнери или партнерки ги споредувате со него/неа
Длабоко во срцето вие и понатаму знаете дека имало нешто специјално во вашата врска и дека е тешко да најдете личност која ќе биде слична на него/неа. Меѓутоа доколку вашите симпатии и љубов не биле доволно силни, набрзо ќе избледи и овој Х фактор. Во зависност од тоа колку ви е тешко да најдете замена, ќе знаете дали раскинувањето било грешка.