5 знаци кои укажуваат дека имате проблем со довербата во врската

5 знаци кои укажуваат дека имате проблем со довербата во врската

Автор: Маја Миноска

Една од најчестите причини за прекин на врската е недовербата. Најчесто станува збор за караници кои се должат на несигурност, маскирана како недоверба.

Прекинувањето на една врска и веднаш започнување на друга е комплексна ситуацијата, па најчесто проблемите кои не биле решени во претходната, се рефлектираат во новата врска. На тој начин им ги намалуваме шансите на другите, им оневозможуваме да ни се препуштат и да ни покажат што можат, бидејќи реално ние не им ни даваме шанса за тоа.

0-5-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-problemi-so-doverbata-vo-vrskata-kafepauza.mk

Болката и проблемите кои ги имаме, понатака може да влијаат во односите бидејќи не сме отстапиле време да ги надминеме. Ова создава една лизгава патека која води кон т.н. долина на скршените срца. Ако се препознаете во следните 5 точки, вие имате проблем со довербата во врската.

1. Го проверувате нејзиниот/неговиот мобилен

Дали имате лозинка на вашиот мобилен? Дали партнерот/партнерката ја знае? Ако одговорот е да, па не, ова е јасен знак дека имате проблем да верувате некому.

1-5-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-problemi-so-doverbata-vo-vrskata-kafepauza.mk

Приватноста е од суштинско значење и во секоја врска таа е задолжителна. Но тоа не значи дека целосно треба да го оттргнете вашиот партнер. Не мора да го заштитите мобилниот со лозинки со цел да ја зачувате приватноста. Девојката/дечкото сè уште може да ја почитува вашата приватност и покрај тоа што има пристап до вашиот мобилен. Вистинското прашање е зошто имате потреба да држите нешто во тајност. Од друга страна и вие не треба да пребарувате низ мобилниот на партнерот бидејќи е незрело и неискрено. Доколку не се чувствувате пријатно да се соочите и да разговарате со партнерот за нешто што ве загрижува, тогаш постои поголем проблем.

2. Размислувате на најлошото сценарио

Друг показател е дека имате проблем да верувате некому е што постојано размислувате на најлошото што би можело да се случи. Само затоа што не одговорил/а на телефонскиот повик, не значи дека ве изневерува. Кога му верувате на партнерот, значи дека му верувате и во тоа што ви го зборува, без разлика колку е необјаснива ситуацијата. Секоја личност заслужува да се изјасни себеси пред да се донесат заклучоци и отпосле да се преземе акција.

2-5-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-problemi-so-doverbata-vo-vrskata-kafepauza.mk

3. Го/ја држите „на кус ремен“

Друг начин да проверите дали имате проблем со довербата е свесното или несвесното поставување на граници. Дали е прифатливо лајкување статус на друга девојка? Примање повици и пораки или дури само дружење со личности од спротивниот пол?

Многупати кога имаме проблем со довербата, постојано набљудуваме што тој/таа прави и со кого. Стануваме посесивни и секој ни претставува закана, кога навистина и нема потреба од тоа.

Couple role playing with dog leash

Доверба е кога некому му дозволувате да прави што сака со потполна верба. Ако му/ѝ забраните да има другар(к)и, нема да постигнете ништо, туку само ќе му наштетите на вашиот однос.

Кога му верувате на некого, значи дека си верувате и себеси, со што придонесувате за градење стабилна и здрава врска.

4. Изневерувате

Изневерувањето е исто така знак дека се соочувате со недоверба. Нажалост, ниската самодоверба доведува до неверство иако претходно не сте биле оние кои изневеруваат. Всушност, изневерувањето е сигурен показател дека виновникот не верува во себе.

4-5-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-problemi-so-doverbata-vo-vrskata-kafepauza.mk

Недовербата може да се манифестира на различни начини. Понекогаш луѓето изневеруваат кога врската станува сериозна и не се сигурни дека се спремни за таква врска или кога немаат доверба во другиот.

5. Имате потреба да ја тестирате неговата/нејзината љубов кон вас

Тестирањето на волјата на партнерот е нешто што треба да се случи кога одлучувате дали воопшто ќе започнете врска или не. Со константното тестирање на партнерот, на крајот ќе го достигнете лимитот и врската ќе се распадне, а вашите претскажувања ќе се остварат. Кога ќе одлучите да се впуштите во врска, важно е да имате потполна доверба во себе и во партнерот. Кога му верувате некому, можете целосно да се препуштите и да се ослободите од сите инхибиции, а врската да има големи шанси да успее.

5-5-znaci-koi-ukazhuvaat-deka-imate-problemi-so-doverbata-vo-vrskata-kafepauza.mk

Кога ќе започнете врска бидете сигурни дека може да се вложите стопроцентно. Бидете со некој што го познавате добро, за да не наидете на потешкотии во опуштањето. Запознајте се себе и осигурајте се дека вашето срце е излекувано од минатите врски.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар