5 знаци кои јасно покажуваат дека сте во брак со погрешната личност

5 знаци кои јасно покажуваат дека сте во брак со погрешната личност

Сите ние имаме сродни души, но вистината е дека треба да се потрудиме за да ја најдеме својата. Токму затоа е и многу лесно да се убедиме дека сме задоволни со тоа што го имаме само за конечно да можеме да престанеме со потрагата. Дури и ако долго време сте заедно, тоа не значи дека сте го пронашле човекот на својот живот. Ако го читате ова, големи се шансите дека веќе се сомневате. За да бидете сигурни, продолжете со читање…

1. Почесто плачете одошто се смеете

Дури и ако сте најголемиот емотивец во вашето друштво, тоа не значи дека треба да заборавите кога последен пат сте се насмеале заедно со вашиот партнер. Па, ако тој е причината за тоа што постојано се чувствувате лошо, време е да размислите што всушност ве врзува за него.

2. Неговите зборови и дела не се согласуваат

Ако постојано се обидува да ви докаже своите емоции преку зборови, додека истовремено го прави спротивното со своите дела, големи се шансите тој воопшто да не ве љуби. Ако троши зборови за тоа колку сте совршени, додека истовремено не се грижи за вашите чувства и мисли, тогаш нешто дефинитивно не е во ред.

3. Ги крие своите емоции од вас

Ако не сте целосно сигурно како се чувствува вашиот партнер, најверојатно тој воопшто не е опуштен во вашето присуство. Верувајте ни, не е воопшто забавно да го минете животот обидувајќи се да погодите што тој сака, како се чувствува или што мисли.

4. Не му верувате

Недовербата е еден од првите знаци дека вашата љубов тргнала во погрешна насока. Сигурно не сакате да го поминете животот сомневајќи се во секој негов чекор, поглед и коментар и тајно проверувајќи го неговиот мобилен.

5. Имате сосема различен поглед на заедничкиот живот

Вие сакате деца, тој не. Вие сонувате за голема куќа на село, нему му се доволни 30 квадрати во град. Вие планирате да продолжите да се образувате и да ја градите својата кариера, а тој воопшто нема амбиции… Кога-тогаш, оваа врска ќе се распадне.

Прочитајте ги и овие 3 опасни вистини за бракот што не ви ги кажал никој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар