5 знаци дека вие сте главниот виновник за проблемите во вашата врска

5 знаци дека вие сте главниот виновник за проблемите во вашата врска

Најлесно е да ја префрлите вината на другите. Од друга страна пак, поголемиот дел од луѓето имаат потешкотии да признаат дека се криви за некој проблем, особено кога станува збор за несогласувањата во врската. И со цел вашето тврдоглаво однесување да не доведе до раскинување, прочитајте во продолжение дали вие сте можеби главниот кривец за сите проблеми во вашата врска и обидете се да ги промените овие лоши навики.

1. Незадоволни сте со себе

Кога некој не се однесува добро во својата кожа, тоа негативно се одразува на сите аспекти во неговиот живот, вклучувајќи ја и љубовта. Сè е поврзано, па затоа и тешко ќе можете да бидете среќни во врската ако сте незадоволни со себе.

2. Ги избегнувате сериозните разговори

Ниту еден проблем во врската нема да се реши сам од себе, па затоа и потребно е да разговарате со партнерот доколку сакате заеднички да дојдете до решение. Дури и ако во текот на разговорот се скарате, тоа е подобро отколку да молчите и да тапкате во место.

3. Бурно реагирате кога сте навредени

Ако правите сцени секогаш кога партнерот ќе ви укаже на нешто негативно и ако сите проблеми му ги префрлате нему, тогаш време е да застанете малку и да се преиспитате себеси. Обидете се да размислите за своите, како и за намерите на вашиот партнер и никогаш не враќајте со истата мера!

4. Не знаете да признаете дека не сте во право

Ако не знаете да преземете одговорност за своите грешки и секогаш ги обвинувате другите за нив, тоа е лош знак. Па, наместо да размислувате за тоа кој е во право, а кој не, концентрирајте се на решавањето проблеми.

5. Ги држите нештата во себе

Ако со партнерот не разговарате за проблемите, туку ги собирате во себе, тогаш постојат големи шанси дека дури и на најмалите ситници бурно ќе реагирате. Ако тој или таа не е се таков тип на луѓе, тие ненадејни напади нема да им бидат јасни и ќе ризикувате раскинување.

Дознајте и кои се 15-те мали нешта што ги прават силните парови во здрава љубовна врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар