5 знаци дека ви недостасува сончевиот витамин Д
Едно неодамнешно истражување од Харвард покажало дека милијарди луѓе ширум светот патат од недостаток на витамин Д. Доколку избегнувате излегување на сонце, како и консумирање одредени видови храна и додатоци на исхраната, постојат големи шанси дека и вие сте дел од оваа бројка.
Витаминот Д е составен од седум витамини кои се синтетизираат под кожата под влијание на сонцето, односно со директно изложување на ултравиолетовите зраци, а може да се најдат во храната како рибиното масло, месото, млекото и млечните производи, жолчката и печурките.
Просечната возрасна личност има потреба од околу 5 до 10 микрограма дневно, што е многу мала количина. Но, ако сте личност која целиот ден го поминува во затворена просторија, како и дека ги избегнувате потребните додатоци на исхраната, можно е и вие да патите од недостаток на витамин Д.
Тој има важна улога при одржувањето на концентрацијата на калциум во телото, придонесува за силни коски и здрави заби, како и за посилен мускулен тонус. Кога имате недостаток на витамин Д во телото, ќе ги забележите следните симптоми:
1. Имате кршливи коски
Телото престанува да гради коскена маса околу 30-тата година во животот, па недостатокот на витамин Д ќе ги забрза и влоши симптомите на остеопорозата која обично се јавува во третата животна доба. Па, оние што имаат недостаток на овој витамин ќе има и почести скршеници од останатите.
2. Чувствувате болки во коските
Суптилната, но постојано присутната болка во коските и зглобовите може да биде последица на артритис, остеомалација или фибромиалгија. Но, за тоа непријатно чувство може да биде виновен и недостатокот на витамин Д. Ако се сомневате на ова, треба да направите едноставна крвна слика за да проверите.
3. Лошо сте расположени
Клиничката депресија воглавно е директно поврзана со намаленото количество на витамин Д. Иако нема јасни докази за тоа, експертите веруваат дека недостатокот на витамин Д влијае при лачење на серотонинот, кој го одредува расположението кај луѓето.
4. Претерано се потите
Претераното потење има бројни причинители, а еден од нив е малата количина на витамин Д во телото. Ако вашето лице постојано „сјае“ од големата количина пот што ја лачите, дури и кога мирувате во околина со просечна температура, размислете за тест за витамин Д.
5. Чувствувате замор и слабост
Се чувствувате уморно и слабо дури и по квалитетен 8-часовен сон? Причината може да се крие во недостатокот на витамин Д. За силата на телото не е задолжено само железото, туку и овој витамин кој за зголемува контролата на мускулите.
Дознајте и како најбезбедно да „земате“ витамин Д од сончевите зраци.