5 знаци дека таа е татина ќерка

5 знаци дека таа е татина ќерка

Кога би требало да дадеме еден вид урбана дефиниција за поимот „татина ќерка“, или ако сакате „татина галеница“, тоа би звучело вака: девојка која е чувана во стаклено ѕвоно од страна на нејзиниот татко, кој би направил сè за неа. Ако сака да студира на скап универзитет, нема проблем, таа е неговата иднина. Ако момчето ја повредило, нема збор, тој е мртов човек.

Шала на страна, тоа што вашата девојка е чувана како зеница во окото на татко ѝ, не мора да значи дека е лоша работа. Таа е девојка чија самодоверба и чија поставеност во љубовните врски наголемо е под влијание на односот со нејзиниот татко. Тоа што е вреднувана и чувана од страна на татко ѝ е само показател за тоа дека токму истото го очекува од вас и нема да се задоволи со ништо помалку од љубов, почит и разбирање.

5 знаци дека таа е татина ќерка

Ако не сте сигурни дали вашата девојка е татина галеница, обрнете внимание на следново:

1. Многу брзо го запознавте нејзиниот татко

Некои девојки би чекале со недели дури и месеци пред да ве запознаат со нивниот татко. Но не и татината ќерка. Таа знае колку е важно мислењето на татко ѝ и ако татичко не ве сака вашата врска нема иднина. Нејзиниот татко е човекот на кого му верува најмногу, па ако сака да провери дали сте „материјал“ за сериозна врска или брак, ќе ве однесе на „тестирање“ многу брзо.

5 знаци дека таа е татина ќерка

2. Пред брак мора да побарате дозвола од татко ѝ

Можеби не сте традиционални и не ви е ни на крај памет да ја „барате нејзината рака“ од татко ѝ, но татината ќерка пред да ви рече конечно „да“ ќе побара од вас да го направите тој мал и симболичен гест. На тој начин покажувате голема почит кон нејзиниот татко, а неговиот благослов ќе ѝ значи многу. Тоа што татко ѝ го одобрува вашиот брак ѝ влева сигурност, бидејќи знае дека тој умее да процени дали во иднина вие би биле добар сопруг и татко.

5 знаци дека таа е татина ќерка

3. Секогаш татко ѝ е прв на листата на повици

Тешко е да се натпреварувате со нејзиниот татко, бидејќи во нејзините очи татко ѝ е човекот кој едноставно знае сè и е способен за сè. Неретко ако ѝ се расипе колата или ако ѝ треба каква било помош, по автоматизам ќе му се јави на татко ѝ. Иако е веќе возрасна девојка, нејзиниот татко во телефонскиот именик во никој случај не е потпишан по име или едноставно „тато“, туку потпишан е како „татичко“ или со некој прекар од детството.

Ова неретко може да ви смета, па дури и да ве повредува. Доколку дојде до тоа едноставно разговарајте со неа, бидејќи во никој случај намерата не ѝ е да ве повреди свесно. Едноставно уште од детството нејзиниот татко е личноста на која ѝ се обраќа за „итна помош“. Кажете ѝ што ве мачи и дека на моменти навистина се чувствувате бескорисно бидејќи сте ставени во втор план. Доколку ве сака, со сигурност ќе ве разбере.

4. Ќе бара да продолжите од таму каде што застанал нејзиниот татко

Татко ѝ ја научил дека човекот кој вистински ќе ја сака никогаш нема да ги стави своите потреби пред нејзините. Таа го слушнала советот „Вистинскиот маж никогаш нема да те стави после фудбалот, ти ќе му бидеш број 1 приоритет.“ Ова може да ви звучи страшно, но би биле изненадени колку татковците вложуваат грижа и внимание за своите ќерки. Од вас ќе се очекува да продолжите таму каде нејзиниот татко застанал. Вие ќе треба да бидете тој кој ќе ја почитува и вреднува и кој ретко кога ќе се осмели да ѝ рече „не“. Вечера и цвеќе нема да се бара од вас само првите два месеци. Едноставно тоа ќе ви стане рутина.

5 знаци дека таа е татина ќерка

5. Некогаш и несвесно ве споредува со него

Да се разбереме, татко ѝ е нејзината прва љубов, и бидете сигурни дека таа ве споредува со него. Девојките речиси секогаш во момчето ги бараат карактеристиките на нивните татковци, без разлика дали физички или карактерни особини. Внимавајте на малите знаци. На пример, може да ви рече дека имате слична насмевка со татко ѝ, или дека ѝ се допаѓа тоа што возите внимателно исто како кога татко ѝ ја носел на училиште.

Ако ја пронајдовте во сите горенаведени точки, со среќа, бидејќи излегувањето со татина галеница може да биде вистински предизвик. Но од друга страна, бидете сигурни дека ако му се допаднете на татко ѝ и му покажете дека сте заштитнички настроени кон неа, ќе ја имате неговата поддршка, и иако никогаш нема да признае, ќе ве засака како свој син.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар