5 знаци дека сте во врска со личност која сака да ве контролира

5 знаци дека сте во врска со личност која сака да ве контролира

На почетокот можеби бил навистина шармантен – ве носел на состаноци, ве штител, ви купувал подароци… Сепак, нема девојка што нема да ужива во ова. Но, понекогаш е навистина тешко да одредите што навистина сакате, а што е добро за вас. Без разлика дали е љубоморен или само несигурен, партнерот нема никаква причина да ве контролира. Па, погледнете кои се знаците што покажуваат дека вашето момче сака да ве контролира.

5 знаци дека сте во врска со личност која сака да ве контролира

1. Критикува сè што правите

Често преправајќи се дека сака да ви помогне, тој го критикува вашето однесување и вашите избори. На овој начин се обидува да ве контролира.

2. Ви кажува што да правите со вашето тело

Без разлика дали набљудува што јадете, ве убедува да одите на фитнес или не ви дозволува да си направите тетоважа, ако постојано ви кажува што да правите со вашето тело значи се обидува да ве контролира. Тој ја преминал границата за грижа за вашето здравје и изглед.

3. Не ви дозволува да ги гледате другарките

Мажите што контролираат често сакаат да ги изолираат девојките од нивните другарки. Можеби тој не сака да излегува со нив во друштво, или пак постојано бара да знаете каде сте и со кого. Ако згора на тоа, често зборува лошо за вашите пријателки, ова е навистина лош знак.

4. Не ги поддржува вашите интереси што не го вклучуваат него

Ако мажот е несигурен во себеси и сака да ве контролира, тој нема да сака да правите што било за вашиот личен развој. Нема да ве поддржува во ништо, освен ако и тој не спаѓа во вашиот план.

5. Не ви верува

Ако не смеете да го возите неговиот автомобил, да закажете во ресторан или да го прошетате вашето куче без да ве набљудува, тој сигурно се обидува да ве контролира. Кога мажот не сака да ви довери и наједноставни задачи, тоа е знак дека никогаш нема да бидете тим и дека тој дефинитивно не е вашата сродна душа.

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во врска со нарцис.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар