5 знаци дека сте со вистинската личност во погрешно време

5 знаци дека сте со вистинската личност во погрешно време

Голема е веројатноста да ви се случило ова. Конечно ја пронајдовте вистинската личност, но времето е погрешно и судбината на врската е однапред запечатена. Но како да знаете дали навистина станува збор за ова? Дали постојат знаци дека сте со вистинска личност во погрешно време. Дали овој феномен воопшто постои? Погледнете ги следните знаци кои ќе ви помогнат да го одредите ова.

5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mk

1. Сè уште не сте најдобрата верзија од себе

Можеби имате некој проблем или некаква зависност. Тогаш сигурно имате уште многу да работите на себе, а веројатно вашата врска ќе страда додека се обидувате да се подобрите. Можеби после неколку години кога конечно ќе ги надминете проблемите би биле совршени еден за друг, но сегашното време е погрешно.

(1)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mk

2. Кариерата ви е поважна

Нема ништо лошо во тоа кариерата да ви биде на прво место. Всушност, важно е да бидете мотивирани, страсни и финансиски независни пред да се впуштите во сериозна врска. Кога сте во овој дел од животот нема да сакате да зависите од партнерот. Не сакате да бидете уценувани со тоа.

(2)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mk

3. Сè уште го преболувате бившиот

Дали ви се има случено да сретнете некоја одлична личност веднаш по разделбата со бившиот? Ако сè уште сте со една нога во минатото, нема да можете да му се посветите на новиот партнер во сегашноста.

(3)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mk

4. Имате проблеми со зависност од партнерот

Ако не знаете кои сте и ако не се сакате, тогаш сигурно не можете да сакате некој друг. Без разлика каква е хемијата помеѓу вас, ако не постојат граници врската ќе пропадне. Здравата врска вклучува две различни индивидуи кои созреваат заедно, но ја имаат својата независност.

(4)5-znaci-deka-ste-so-vistinskata-lichnost-no-vo-pogreshno-vreme-kafepauza.mk

5. Наскоро ќе се селите

Ако го сретнете „вистинскиот“ баш пред да се преселите во друг град, тогаш врската нема никакви шанси. Можеби ќе имате кратка авантура пред да заминете, но таа врска си има рок на траење.

Ако ја сретнете вистинската личност можеби времето ќе биде од ваша корист. Понекогаш кога мислите дека сте ја сретнале вистинската личност во погрешно време, може да станува збор само за партнер кој не е добар за вас.

Дали знаевте дека вашето тело ви покажува дека сте го пронашле вистинскиот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар