5 знаци дека со вашиот живот управуваат туѓи мислења

5 знаци дека со вашиот живот управуваат туѓи мислења

Како човечки суштества се потпираме едни на други со цел да преживееме, па затоа воопшто не е чудно што понекогаш ви е важно што другите мислат за вас. Меѓутоа, доколку дозволите тие да влијаат врз вашата целосна слика за себе, ќе го ограничите вашиот животен потенцијал, ќе ги оддалечите личностите што можат најмногу да ви помогнат, нема да имате финансиска слобода, односно нема никогаш да успеете да му покажете на светот кои всушност сте вие и што можете. Стравот од тоа што другите го мислат за вас е нешто со кое се соочуваат многу луѓе. Меѓутоа, како да знаете дали тоа ви се случува и на вас?

1-5-znaci-deka-so-vashiot-zhivot-upravuvaat-tugjite-mislenja-www.kafepauza.mk_

1. Сте станале општествен камелеон

Дали ги знаете оние луѓе кои менуваат скоро сѐ за да се вклопат? Ако глумите за да се вклопите во општественото опкружување, веројатно ви е страв дека другите нема да го прифатат тоа дека сте поразлични од нив. Понекогаш сте во право. Меѓутоа, секогаш бидете она што сте, бидејќи доколку не сте, тогаш кои сте? И зошто сакате да станете нешто што не сте? Само за да ве прифати некој? Животот е премногу краток за таквите работи.

2. Се извинувате за сето она што ви се допаѓа

Нешто како: „Слушам музика од осумдесеттите. Знам, тоа е глупаво.“ Зацрвенувате и навистина ви е срам во врска со ова, бидејќи претпоставувате дека другите личности ќе ве осудуваат или ќе ви се смеат зад грб. Потоа се преправате дека се сложувате со нив. Тие велат дека ја сакаат модерната музика, а вие како гром од ведро небо веднаш изјавувате дека ја обожавате. Во сето ова заборавате дека станувате бледа копија на другите луѓе и дека се оддалечувате од сето она што навистина сте.

3. Постојано се прашувате што мисли некој друг

Ако сте толку многу зафатени обидувајќи се да ги откриете туѓите мисли, само за да се уверите дека сето она што ќе го кажете или направите ќе биде прифатено од страна на таа личност, тогаш имајте на ум дека не живеете во сегашноста. И секако не обрнувате внимание на личноста со која комуницирате. Пропуштате многу, на повеќе нивоа, а само е потребно да се опуштите и препуштите. И да бидете она што сте.

2-5-znaci-deka-so-vashiot-zhivot-upravuvaat-tugjite-mislenja-www.kafepauza.mk_

4. Носите маска

Не во буквално значење, туку во смисла дека ја криете својата вистинска природа. Не се однесувате исто на работното место, во текот на излегувањата, во маркетот, кога одите некаде… Што криете? Колку мора да биде страшно тоа што сте? Стравот е оној кој целосно ве контролира, и заради него се однесувате на тој начин. Во суштина, сте станале некој што не сакате да бидете.

5. Сте го придушиле вашиот жар

Сетете се сите оние ситуации кога сте имале одлични вести. Кога сте сакале да ги огласите на сите ѕвона. Но, не сте го направиле тоа. Бидејќи сте се плашеле дека тоа ќе звучи како да се фалите, или сте мислеле дека некој ќе ве осудува. Или ви паднало на памет дека можеби некој ќе стане љубоморен. И токму заради тоа сте го придушиле вашето светло, својата жар, својата радост, својата среќа. И, на крајот, со самото тоа и вие сте станале помалку среќни. Запрашајте се: Дали тоа навистина вредело?

Погледнете кои знаци откриваат дека претерано се грижите за туѓото мислење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар