5 знаци дека не е заинтересиран за вас кои се очигледни уште на првиот состанок

5 знаци дека не е заинтересиран за вас кои се очигледни уште на првиот состанок

Понекогаш првите состаноци може да бидат навистина стресни. И се разбира, пред да почнете да планирате заедничка иднина важно e потенцијалниот партнер да не покажува знаци дека не е заинтересиран за вас. Сепак нема многу работи кои може да ја натераат другата личност да биде незаинтересирана. Секој од нас е различен и секој сака различни работи, па затоа не треба да ви е многу грижа за првиот состанок. Колку сте поопуштени толку е поголема веројатноста да изгледате добро во очите на потенцијалниот партнер. Но понекогаш на некои нешта не им е судено, и тоа е во ред. Во тој случај, погледнете ги следниве знаци кои покажуваат дека тој не е заинтересиран за вас уште на првиот состанок.

5-znaci-deka-ne-e-zainteresiran-za-vas-koi-se-ochigledni-ushte-na-prviot-sostanok-kafepauza.mk

1. Не ви го посветува целото внимание

Ако во кој било момент од првиот состанок почувствувате дека личноста не ве слуша, тоа сигурно не е добар знак. Иако е нормално да се чувствува нервозно и да изгледа со одвлечено внимание поради тоа, ако не се вклучува во разговорот значи не му е забавно. Истото важи и ако целата вечер гледа во телефонот.

2. Не ве погледнува во очи

Важно е да го набљудувате јазикот на телото. Според едно истражување, потребни се 100 милисекунди за да одлучите дали ви се допаѓа некој. Оној што не е заинтересиран најверојатно ќе избегнува контакт со очи, свесно или потсвесно, бидејќи не чувствува привлечност.

3. Нема никаков физички контакт

Понекогаш ова не мора да значи дека потенцијалниот партнер не е заинтересиран, бидејќи нервозата може да пречи и во најсуптилниот физички контакт. Иако партнерот не треба и премногу да ве допира на првиот состанок, ако бара начини да ве допре пристојно, тоа е знак дека му се допаѓате.

4. Ви вели дека не бара врска

Ова е особено вистина ако потенцијалниот партнер на почетокот ви кажал дека е отворен за врска. Внимавајте, ако некој директно ви каже дека не сака врска, верувајте му. Дури и ако изгледа флертувачки, можеби е заинтересиран само за едно нешто. Ако не сакате секс за една вечер или нешто поопуштено, подобро кажете го тоа уште на првиот состанок.

5. Состанокот изгледа избрзано или завршил прерано

Ако поради некоја причина потенцијалниот партнер најде добар изговор за да замине рано, ова најверојатно е знак дека не е заинтересиран. Се разбира, се случуваат и итни случаи но ако нешто ви изгледа чудно, не правете сигурни планови за повторување на состанокот. Иако можеби ќе биде болно, барем другата личност не потрошила многу од вашето време.

Погледнете и кои работи не смеете да ги правите на првиот состанок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар