5 знаци дека минувате низ криза на идентитетот

5 знаци дека минувате низ криза на идентитетот

Ви се случува да се погледнете во огледало и да се запрашате која е личноста којашто гледа во вас? Вашиот вистински идентитет е она што вие всушност сте, без етикети (жена или маж со одредено име и презиме, сопруга и мајка или сопруг и татко итн.) Кризата на идентитетот не е ретка појава, особено кај жените и тоа во секоја старосна доба, а следните знаци укажуваат на тоа дека поминувате низ таква фаза.

5-znaci-deka-minuvate-niz-kriza-na-identitetot-kafepauza.mk

1. Почнувате да се прашувате кои сте надвор од етикетата на општествениот живот. Дали сте родител, брачен партнер, вработен човек, пријател или пријателка? И како сте дефинирани со помош на овие етикети? Кога си ги поставувате себеси овие прашања, тоа е сигурен знак дека сте прашувате кои навистина сте.

2. Одвреме-навреме замислувате како бегате од сè, сосема сами. Каде бегате во вашите мисли?

3. Се прашувате што има под вашиот надворешен изглед. Љубопитни сте да дознаете кои би биле кога би се ослободиле од сите етикети. Кој останува тогаш?

4. Читате сè што ќе ви падне во раце за смислата на животот. Затоа што неодамна сфативте дека вашиот живот мора да биде нешто повеќе.

5. Повеќе пати се прашувате кои сте, што сте и што сакате. Во длабочината на кризата на идентитетот работите може да изгледаат невозможни за справување, дури и неподносливи. Но, знајте дека оваа криза е почеток на големо и важно духовно патување.

Сте добиле прилика да сфатите која е личноста која гледа во вас во огледалото и што сака таа. Само напред. Отворете посебна сметка, побегнете негде за викенд, скршнете од стариот, истрошен пат и зачекорете по нов. Собујте ги чевлите и почнете да одите по новата патека. Пронајдете се себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар